МакедонијаСиндикат

Одржано петто годишно собрание на СПМ

Фејсбук статус на Синдикатот на полиција во Македонија:

Одржано петто годишно собрание на СПМ 🇲🇰

На ден 05.12.2025 година во одморалиште МВР- Охрид се одржа петтото годишно Собрание на СПМ.

Свечениот настан и чин со свое обраќање кон присутните го збогатија Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија г-дин Благоја Ралповски. Свое обраќање имаше и Генералниот секретар на СПМ Никола Кирковски кој го најави своето повлекување се до изборот на нов ГС на СПМ.

Од страна на Претседателот на СПМ Орце Коцевски беше презентиран отчетот за изминатите пет години, сработеното на СПМ на повеќе свери и добиените резултати.

Беа доделени благодарници и пофалници на синдикалните претставници на СПМ за нивниот голем придонес во целите и развојот на СПМ за изминатата година, а беа избрани и нови претставници на Претседателството на СПМ.

Со исто несмалено темпо продолжуваме и во 2026 година✊️🇲🇰🇲🇰🇲🇰

НОВАТА ЕРА НА ПРОФЕСИОНАЛИЗМОТ🫡

враќањенапрофесионализмотвополицијата

силанановотовреме

Konfederacija na slobodni sindikati na Makedonija KSS