1.323 ПЕНЗИОНЕРИ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ВОДАТ КАКО ПЕНЗИОНЕРИ СО НАЈВИСОКИ ПЕНЗИИ
Според податоците на ПИОМ, во јуни месец забележано е намалување за 2 пензионери споредбено со мај и сега 1.323 пензионери во земјава се водат како пензионери со највисоки пензии, а распонот на нивните месечни примања по основ на пензија е од 40.067 до 57.304 денари во зависност од годината кога го стекнале правото.
Најголем дел или 887 се со пензија од 41.739 денари, додека 302 пензионери се со пензија над 52.455 денари до 57.304 денари.
Просечната пензија во јуни изнесувала 15.705 денари
Извор: Пари

