ЕкономијаМакедонијаНовости

10 отсто од фирмите не ги пријавиле вистинските сопственици

   Време за читање 1 минута
Близу 10.000 фирми не ги пријавиле вистинските сопственици во законскиот рок кој истече на 27-ми април. Најголем дел од нив се регистрирани фирми кои не работат и немаат банкарски сметки и контакти. Останатите коишто не ја исполниле законската обврска а се активни, освен што ќе се соочат со  глоби, ќе бидат исклучени од платниот и правен промет. Ќе им се блокира банкарската сметка и нема да можат да склучат никаков договор кај нотар или адвокат.
 
– 69.284 фирми пријавиле вистински сопственик во законскиот рок што претставува околу 90 отсто од оние кои имаат обврска за внес, информираше директорката на Централен регистар.
Обврската за фирмите произлегува од Законот за спречување на перење на пари и финансирање на терорирзам по директива на ЕУ. Целта е да се види сопственичката структура на секоја фирма и транспарентно да се објави кој профитира од истата.
 
Од уписот на вистински сопственици беа изземени фирми кои се во постапка на стечај или ликвидација како и трговски поединци, самостојни вршители на дејност и АД кои котираат на берза.
 
Извор: Сител