МакедонијаПравдаСветот на работникот

15 здравствени работници заразени од коронавирус во „8-ми Септември“

15 здравствени работници - Работник
296views

Петнаесет здравствени работници од Градската општа болница „Осми Септември“ се позитивни на коронавирусот, пренесе ТВ24.

Од нив пет имаат поизразена клиничка слика, а тројца се хоспитализирани. Станува збор за медицински персонал од повеќе оддели, но според директорот д-р Костов засега нема опасност од затворање на ниту еден оддел. Според диркеторот најверојатно персоналот се заразил надвор од болницата бидејќи како што вели заштитата на персоналот е на високо ниво. Болницата веќе побара помош од клиничкиот центар, од каде на испомош дојдоа медицински сестри и анестезиолози.