- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

21 дете и 51 вработен во градинките низ државава се позитивни на ковид-19

21 дете и 51 вработен - Работник
463views

Дваесет и едно дете од различни градинки во Македонија се позитивни на коронавирусот, додека пак 51 позитивни има од редовите на негувателките, воспитувачките и останатиот персонал, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Оттаму велат дека, во случај на заболено дете или учителка, цела група оди во изолација.

Во однос на изолацијата при појава на позитивен случај на ковид-19 во градинка, потсетуваме дека строго се постапува по „Алгоритамот за постапување во градинките во случај на дете со симптоми/сомнително позитивно на коронавирус“, изработен од Комисијата за заштита од заразни болести при Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, усвоен од Владата, потенцираат од МТСП.

Тие не знаат дали позитивните вработени во градинките се вакцинирани против коронавирусот.

Согласно последните информации со кои располагаме, околу 75% од вработените се вакцинирани, но не можеме да бидеме сигурни дали заразените со ковид се вакцинирани или не, додаваат од МТСП.

Согласно новиот Протокол,  воспитните групи за деца до 2-годишна возраст треба да имаат по максимум 15 деца и групите за децата од 2 до 10-годишна возраст да имаат по максимум 25 деца.