2,100 години работа за платата на шефот: Директорите заработиле 200 пати повеќе од своите вработени
Типичниот пакет на компензации за извршните директори кои ги водат компаниите од индексот S&P 500 скокнал за речиси 13 % минатата година.
Затоа лесно ги надминал исплатите за работниците во време кога инфлацијата вршела значаен притисок врз буџетите на Американците.
Медијанот на платниот пакет за извршните директори пораснал за 12,6 % на 16,3 милиони долари, покажуваат податоците кои за The Associated Press ги анализирал Equilar. Во меѓувреме, платите и бенефициите кои ги оствариле работниците во приватниот сектор пораснале за 4,1 % до 2023 година. Во половина од компаниите во овогодишната анкета за платите, на работникот на средното платно ниво на компанијата му биле потребни скоро 200 години за да го направи она што го направил неговиот извршен директор.
Извршните директори се наградувани бидејќи економијата покажала исклучителна отпорност, потприрајќи ги силните профити и зголемувајќи ги цените на акциите. По борбите во пандемијата, компаниите се соочиле со предизвиците од упорната инфлација и зголемените каматни стапки. Околу дваесетина извршни директори во годишното истражување на AP добиле зголемување од 50 % или повеќе.
„На овој пазар по пандемијата желба на одборите е да ги наградуваат и задржат извршните директори кога сметаат дека имаат добар лидер“, рекла Кели Малафис, основач на Compensation Advisory Partners во Њујорк. „Сето тоа заедно води кон зголемување на компензациите, односно вклупните исплати.“
Но Сара Андерсон, која го води Глобалниот економски проект на прогресивниот Институт за политички студии, верува дека јазот во заработката помеѓу највисоките раководители и работниците влијае на севкупното незадоволство на Американците од економијата, пренесува Investitor.
„Овде најголемиот дел од фокусот се става на инфлацијата која луѓето навистина ја чувствуваат, но повеќе ја чувствуваат болката од инфлацијата бидејќи не гледаат дека платите не им растат доволно“, рекла таа.
Многу компании ги послушале повиците на акционерите поблиску да ја поврзат компензацијата на генералниот директор со учинокот. Како резултат на тоа, голем дел од платните пакети се состојат од награди за акции кои генералниот директор често не може да ги употреби со години, ако воопшто може, освен ако компанијата не исполни одредени цели, обично поголема цена на акцијата, пазарна вредност или подобрена оперативна добвика. Средната вредност на акциите пораснала за скоро 11 % минатата година во споредба со зголемувањето на бонусот од 2,7 %.
Студијата на AP за компензациите на извршните директори вклучувала податоци за платите за 341 менаџер во компаниите S&P 500 кои работеле најмалку две полни последователни фискални години во своите компании кои поднеле изјави од 1 јануари до 30 април.
Кој поминал најдобро?
Извршниот директор на Broadcom Inc, Хок Тан, бил на врвот на анкетата на AP со платежен пакет проценет на околу 162 милиони долари.
На 31 октомври 2022 година, Broadcom му доделил награди за акции во вредност од 16,5 милиони долари за фискалната 2023 година. Тан добил прилика да заработи до 1 милион акции започнувајќи од фисаклната 2025 година, според пријавата во Комијијата за хартии од вредност и берзи (SEC), под услов акциите на Broadcom да исполнат одредени цели – и тој останува извршен директор во наредните пет години.
Во времето на доделувањето, акциите на Broadcom се тргувале по цена од 470 долари. Тан би добил делови од наградата во вид на акции ако тие достигнат меѓу 825 и 950 долари и полна награда ако просечната цена на затворање изнесува или е над 1,125 долари за 20 последователни дена помеѓу октовмри 2025 и октомври 2027 година. Целите изгледале амбициозно кога биле поставени, но акциите од тогаш нагло скокнале и на 28 мај го достигнале рекордниот максимум од 1,436,17 долари.
Како и неговиот ривал Nvidia Inc, Broadcom моментално е во лудницата во врска со вештачката интелигенција (ВИ) меѓу технолошките компании. Неговите чипови ги користат компании и јавни субјекти, од големи банки, трговци на мало, телеком оператори и државни органи.
Во прилика на доделувањето на наградите за акциите, Broadcom напоменал дека под Тан неговата пазарна вредност пораснала од 3,8 милијарди долари во 2009 на 645 милијарди долари (од 23 мај) и дека неговиот вкупен принос на акционери за тоа време лесно го надминал S&P 500. Исто така, било речено дека Тан нема да добие дополнителни награди за акциите во текот на преостантиот петгодишен период.
Останатите извршни директори на врвот на анкетата на AP се Влијам Ленсинг од Fair Isaac Corp, (66,3 милиони долари); Тим Кук од Apple Inc. (63,2 милиони долари); Хамид Могадам од Prolagis Inc. (50,9 милиони долари); и Тед Сарандос, ко-извршен директор на Netflix (49,8 милиони долари).
Во Apple, компензацијата на Кук имала пад од 35 % во однос на претходната година. Кук побарал намалување на платата за 2023 година, како одговор на гласањето на годишното собрание на компанија во 2022 година, каде само 64 % од акционерите го одобриле неговиот платежен пакет.
Методологијата на истражувањето ги исклучила извршните директори како што се Никеш Арора од Palo Alto Networks (151,4 милиони долари) и Кристофер Винфри од Charter Communications (89 милиони долари).
Иако документите покажуваат дека Илон Маск не добил никаква компензација како извршен директор на Tesla Inc., неговата плата моментално е главна и средишна меѓу компаниите за електрични автомобили. Маск бара од акционерите да го вратат платежниот пакет кој бил поништен од судијата во Делавер кој рекол дека процесот на одобрување на пакетите бил „длабоко погрешен“.
Од компанијата се бара да ја доделува вредноста на наградите за акции во моментот кога се доделуваат. Наградата која му била доделена на Маск во 2018 година била проценета на 2,3 милијарди долари. Дури и кога Маск би претворил во кеш дел од тие награди – се‘ уште го нема направено тоа – тие не би се сметале за компензација. Палтежниот пакет на Маск се проценува на околу 45 милијарди долари.
Платите на генералните директори наспорти оние на работниците
Работниците ширум земјата добиваат поголеми плати од пандемијата, а платите и бенефициите за вработените во приватниот сектор пораснале за 4,1 % во 2023 година по зголемувањата од 5,1 % во 2022 година, покажуваат податоците на Министерството за труд.
Дури и со тие зголемувања, јазот помеѓу лицето во канцеларијата на ќошот и сите останати станува се‘ поголем. Половина од извршните директори во овогодишната анкета за платите заработиле најмалку 195 пати повеќе од просечната заработка на нивните вработени. Тоа е повеќе од 185 пати во минатогодишното истражување.
Како AP и Equilar ги пресметале платите на генералните директори?
За својата годишна анализа на платите на извршните директори, Associated Press користел податоци кои ги обезбедил Equilar, фирма за извршни податоци.
Јазот е особено голем во компаниите во кои вработените обично заработуваат пониски плати, како што се трговците на мало. Во Ross Stores, на пример, компанијата вели дека нејзиниот вработен кој бил на самата средина на платежната скала бил хонорарен соработник во малопораджба кој заработил 8,618 долари. Би требале 1,100 години заработка за да се изедначи со компензацијата на генералната директорка Барбара Рентлер од 2023 година, проценета на 18,1 милион долари. Година дена претходно, на просечниот работник му требале 1,137 години за да ја изедначи платата со генералниот директор.
Корпоративните одбори често чувствуваат притисок да продолжат да ги зголемуваат платите на извршните директори од страв дека ќе ги напуштат и ќе заработуваат повеќе кај ривалот. Тие се фокусираат на исплаќање на компензации кои се конкуретни во нивната индустрија или пазар, а не на односот на платата, рекол Малафис. Што е подобар извршниот директор, одоброт е повеќе подготвен да плати.
Диспаритетот помеѓу она што го заработува извршниот директор и вработените не бил отсекогаш толку голем.
По Втората светска војна па се‘ до 1980-тите, извршните директори на големите јавни компании заработувале околу 40 до 50 пати повеќе од просечната плата на работникот, рекол Брендон Риз, заменик директор на корпорациите и пазарот на капитал за AFL – CIO кој ја води веб страната Executive Paywatch која ги следи платите на генералните директори.
„Моменталниот однос на платите сигнализира некој вид на култура на победник кој ги презема сите награди, компаниите да ги третираат своите извршни директори, знаете, како суперѕвезди, а не како тимски играчи“, рекол Риз.
И покрај критиките, акционерите имаат тенденција да даваат огромна поддршка на пакетите за исплата на директорите. Од 2019 до 2023 година, компаниите обично добивале нешто помалку од 90 % од гласовите за своите планови за компензации за директорите, покажуваат податоците на Equilar.
Меѓутоа, акционерите повремено одбиваат по некој план за компензација, иако гласовите се незадолжителни. Во 2023 година, акционерите во 13 компании во S&P 500 за платежните пакети за извршните директори дале помалку од 50 % поддршка.
Откако неговите директори уште еднаш дале голем палец долу за платежните пакети за своите највисоки челници, Netflix минатата година се состанал со многумина од своите најголеми акционери за да разговаат за нивните грижи. Исто така разговарал и со големи прокси-советнички компании, кои се влијателни бидејќи препорачуваат како инвеститорите да гласаат на годишните состаноци на компаниите.
По разговорот, Netflix најавил неколку промени за да ги редизајнира своите политики за плаќање. Како прво, ја елеминирал можноста раководителите својата компензација да ја распоредат помеѓу готовина и опции. Повеќе нема да издаваат опции за акции, што може да им даде на раководителите исплата се‘ додека акциите останат над одредено ниво. Наместо тоа, компаниите ќе даваат ограничени акции од кои раководителите можат да профитираат дури по одредено време или откако ќе се исполнат одредени мерки за учинок.
Промените ќе стапат во сила во 2024 година. За минатата година, ко-извршниот директор Тед Сарандос добил опции во вредност од 28,3 милиони долари и готовински бонус од 16,5 милиони долари. Ко-извршниот директор Грег Питерс добил опции во вредност од 22,7 милиони долари и готовински бонус од 13,9 милиони долари.
Андеросон од Институтот за политички студии рекла дека гласвоите Say on Pay се важни затоа што ги „насочуваат рефлекторите на некои од најневеројатните случаи на пристап на извршната власт, а тоа може да доведе до преговори за платите и други прашања кои акционерите би можеле да ги започнат со корпоративното водство.“
„Но мислам дека влијанието, секако на вкупната големина на пакетот на извршните директори, во некои случаи немал многу ефект“, рекла таа.
Жените извршни директорки
Повеќе жени пристапиле во истражувањето на AP од минатата година, но нивниот број во канцелариите и понатаму е мал во споредба со нивните машки колеги. Од 341 извршни директори вклучени во податоците на Equilar, само 25 биле жени.
Лиза Су, извршна директорка и претседателка на одборот за произведувачи на чипови Advanced Micro Devices, била најплатена жена извршна директорка во истражувањето на AP пета година по ред во фискалната 2023 со компензација во вредност од 30,3 милиони долари – рамномерно на нејзиниот компензациски пакет од 2022 година. Нејзиниот вкупен ранг пораснал од 21 на 25.
Други најдобро платени жени извршни директорки се: Мари Бару од произведувачот на автомобили General Motors (27,8 милиони долари); Џејн Фрејзер од банкарскиот гигант Citigroup (25,5 милиони долари); Кејт Ворден од авионската и одбрабена компанија Northrop Grumman Corp. (23,5 милиони долари); и Карол Тоум од доставувачот на пакети UPS Inc. (23,4 милиони долари).
Медијанот на платежниот пакет за жените извршни директорки пораснала за 21 % на 17,6 милиони долари. Тоа е подобро отколку што поминале нивните машки колеги: нивната средна плата пораснала за 12,2 % на 16,3 милиони долари.
Извор: b92.net
Фото: Depositphotos/zeffss