Светот на работникот

Како да препознаете „тежок нарцис“ во својот колега? 6 токсични фрази кои го издаваат

Светот е полн со т.н. „тешки личности“, а под ова се мисли на луѓето кои имаа, во најмала рака, неблагодарен карактер. Некаде меѓу нив се и нарцисите.

Невозможно е да се избегнат, било во приватниот или професионалниот живот, но постои една важна одлика која ги опишува – обично се најнесигурните луѓе во просторијата, но имаат „воспоставено“ начин како да изгледаат ултра самоуверено.

Како психолог кој го проучува токму нарсицизмот, Рамани Дурвасула во секој авторски текст за CNBC, открива дека високо нарцисоиодните луѓе во најголемиот број на случаи се мајстори за гаслајтинг.

Инаку, тоа е еден од најлошите облици на мобинг. Гаслајтерите вообичаено се претставуваат во позитвно светло, но нивната намера е да манипулираат.

Примарната цел не таквите личности, на пример, во романтична врска – е својата несигурност да ја надоместат преку контрола и манипулирање на другите.

6 фрази кои секогаш ги користат – и како да се справиме со нив

Не сакам ова да биде приказна за мене, но…

Изјави како оваа покажуваат дека нарцисоидните луѓе знаат дека „не би требало“ да доминираат преку разговор, но сепак го прават тоа. Тоа е како псевдо – одрекнување од одговорноста која им дава „дозвола“ да се фокусираат само на себе. Ако разговарате со нарцис, бидете подготвени на тоа дека ќе ја „окупира банката“. Ако пак е интересно, слушајте. Но, ако се надевате на двонасочен разговор, нема ништо од тоа.

Жал ми е што се чувствуваш така.

Нарцисите тешко признаваат вина, а ова е нивниот класичен обид да се извинат. Но, тоа всушност повеќе е одвлекување на вниманието од реалниот проблем. Оваа фраза имплицира на тоа дека вашите чувства се само ваша работа и дека нема да преземе одговорност за своето однесување. Како да се справиме со тоа? Без вистинско каење, без оглед на последиците, знајте дека најверојатно тоа ќе го направи повторно. За да избегнете конфликт во иднина, најдобро е да ги гледате како што се, без многу анализирање.

Зошто ми го правиш тоа?!

Нарцисите имаат воодушевувачка способност да преминат од „престапник“ во улога на жртва. Можеби вие во тој момент сте болни или имате тешка недела на работа, но – ако со било што и да се борите им претставувате непријатност – тоа ќе биде сфатено како нивен проблем. Единствено нешто што можете да направите тогаш е да повратите одреден степен на моќ низ самосвеста. Во спротивно, можеби постојано ќе се запрашувате дали всушност вие сте виновни.

Зафатен/а сум, немам време за „ова“.

Притоа, „ова“, може да биде било што – можеби сакате да разговарате за проектот на кој заедно работите или да ги повикате на деловен настан. Карактеристиките на нарцисите се дека секогаш се во право, потоа недостатокот на емпатија и неспособноста да се одржуваат реципроцитетни односи. Не само што не се во состојба да ги разберат потребите на другите луѓе, туку и ги отфрлаат. Како да се справите со тоа? Препознајте ги нивните ограничувања и однесувајте се во согласност со нив.

Се надевам дека знаеш со кого имаше работа.

„Лошиот близнак“ на оваа фраза гласи: „Ако некогаш ми згрешиш, ќе ти го направам животот пекол“. Тактиката „закани во воздух“ и можноста за освета е начин кој создава илузија и чувство на страв во вас. Поголемиот дел од луѓето не сакаат да се соочат со тоа, па се „придрижуваат“ до правилата. Таквите ситуации можат да бидат многу вознемирувачки, особено ако се соочувате со некој кој има искуство во тоа другите луѓе да ги прави несреќни. Во тој случај документацијата е клучот. Чувајте ги сите мејлови и пораки.

Не е фер.

Нарцисите веруваат дека треба да постои листа на правила само за нив, а за другите да важат посебни. Кога мораат да се придржуваат до нив, или кога ќе се наметнат последиците, тоа е „потсетник дека не се посебни“. Било компанијата на нивниот пријател да работи одлично и да заработува многу пари, тие или мора да платат казна бидејќи се обиделе да го изиграат системот или биле уапсени, можете да очекувате дека ќе се огласат со изјавите „не е фер“. Можеби ќе бидете во искушение да ги смирите поради вината или за да избегнете конфликт, но тоа само дополнително ќе го продлабочи проблемот.

Извор: Telegraf Biznis

Фото:Shutterstock