МакедонијаСветот на работникотСиндикат

СУТ: Викендов Арена Хоспиталити ќе вработува во Скопје

Фејсбук статус на Синдикатот за угостителство и туризам:

Арена Хоспиталити од Хрватска доаѓа во Скопје за регрутација на заинтересирани кандидати за работа за сезона 2024 во соработка со Македонскиот и STUH – Sindikat Turizma i Usluga Hrvatske. Компанијата има хотели во Пула, Медулин, Загреб, Белград, Австрија, Германија и Унгарија. Интервјуата ќе се одржат во хотел Солун(строг центар) на 24, 25 и 26 фебруари од 09:00 до 16:00. Се бараат работници на скоро сите позиции, келнери и помошници, готвачи и помошници, пица мајстор, собарки, работник во кујна, работник во перална, рецепција и останато. Платите се движат од 800 до 1500 евра во зависност од позицијата за 40 работни часа неделно или 174 часа месечно, прекувремено и додатоци на плата ви се плус.

Ги известуваме сите заинтересирани кои ќе решат да дојдат со вас да си ги понесете следниве документи:

– Новиот пасош(доколку го немате во моментот можете да им испратите копија кога ќе го извадите).

– CV(резиме) со ваша фотографија.

– Документ за неосудуваност и судски превод на Хрватски.

– Копија од диплома од било која завршена школа и судски превод на Хрватски.

– лична карта(може и старата со Р.Македонија).

Доколку ви се допаднат понудите и прифатите да работите за оваа компанија понатаму ќе треба да се зачлените во Македонскиот и Хрватскиот синдикат кој ќе ве штити и застапува доколку ви се прекршени вашите работнички права. Со еден збор ќе ги уживате истите привилегии како Хрватските работници.