39 % од работниците зеле отсуство од работа поради анксиозност и депресија
По повод Светскиот ден на менталното здравје, издвојуваме неколку важни статистики кои се однесуваат на работниците и нивното ментално здравје:
- Глобалната економија губи 1 трилион долари од изгубената продуктивност поради депресија и анксиозност. (Светска здравствена организација и Меѓународна организација на трудот).
- Секоја година се губат по 12 милијарди работни денови (50 милиони години работа) поради депресија и анксиозност. (Светска здравствена организација и Меѓународна организација на трудот).
- 15 % од работоспособните луѓе се соочуваат со некој вид на ментално нарушување. (Светска здравствена организација).
- Податоците за диспаритетот во здравствената заштита покажуваат дека владите трошат само 2% од здравствените буџети на менталното здравје. Голем е и недостигот од професионалци за менталното здравје – глобаниот медијален број на професионалци за ментално здравје е само 13 на 100,000 луѓе, со екстремни недостатци во државите со низок и среден приход. (Светска здравствена организаџија).
- Според глобалната анкета на Ипсос од 2023 година, 39 % од работниците зеле отсуство од работа поради соочување со стрес.
- Помалку од 10 % од погодените поединци во државите со низок приход добиваат здравствена нега, во споредба со 50 % од луѓето во државите со повисок приход.
- Жените констатно имаат поголема веројатност да пријават проблеми со менталното здравје од мажите.
Latest posts by Бобан М. Илијевски (see all)