4 Совети како одбивањето за работа да го претворите во успех
Дали некогаш сте аплицирале за работа но не сте биле примени? Мала е бројката на луѓе кои ќе одговорат со „не“ на ова прашање. Но, во суштина нашите неуспешни апликации за работа ги обликуваат нашите кариери колку што тоа го прават и успешните, со тоа што секој којшто бил одбиен биде примен на работа има различна работна историја којашто предизвикала нивната нова апликација за работа да биде поинаква.
Пазарот на трудот е повеќе променлив од порано, а растечката невработеност поттикната од пандемијата го промени пазарот на кандидати за работа, во последните неколку години, во пазар на работодавачи. Како што компаниите пополека започнуваат да се отвораат, некои индустрии бараат голем број на кандидати за работа, и со оглед на тоа дека позициите ќе бидат пополнети со по еден кандидат, сите други апликации ќе бидат одбиени.
Фактот што многу баратели на работа ќе аплицираат на повеќе работни позиции пред да добијат понуда, не треба да ги обесхрабрува. Иако не примањето на работа не е лесно, тоа е клучна компонента од процесот на барање на работа и може да биде можност за учење, раст и долготраен кариерен успех. Еве неколку начини преку кои кандидатите одбивањето можат да го искористат одбивањето во своја корист.
Барање на Фидбек
Најдобриот начин за да се подобриме е да побараме конструктивни критики или совети за подобрување од оние кои знаат повеќе. За барателите на работа, фидбекот од работодавачите после одбивањето на апликацијата за работа може да биде непроценлив. Преку контактирање на менаџери за вработување, по одбивањето, кандидатите можат да се стекнат со вредни информации за тоа како да ги подобрат своите промотивни вештини и подобро да се подготват за интервјуа за работа, како и да дознаат каде нивното искуство и квалификации ќе се покажат како недостаток при барањето на посакуваната позиција. Ова значи дека тие бараат критики за да научат и да се подобрат, додека бараат идни позиции во некоја компанија. Иако некои работодавачи ќе се двоумат да дадат фидбек поради правните последици, повторното барање за фидбек од страна на кандидатите може да остави позитивен впечаток.
Истражете ги успешните вработени
Откако апликацијата за работа на барателот на работа е одбиена, тој или таа треба да вложи напор за да види кој бил избран. Иако понекогаш може да потрае, лицето кое ја добило работата сигурно ќе го апдејтира профилот на Линкдин за да покажат каде се вработиле, што ќе им овозможи да бидат лесно пронајдени преку името на компанијата. Исто така, можеби има и други вработени во компанијата со истата титула или во други компании со слични титули и работни обврски. Кандидатите треба да ги истражат нивните профили и да пронајдат какви знаења, вештини и искуства имаат овие вработени коишто кандидатите ги немаат. Тие можат и да стапат во контакт со вработените за да дознаат повеќе од нив, да се поврзат со нив и да аплицираат на слични работни позиции.
Развијте план
Еднаш штом барателите на работа ќе успеат да ги идентификуваат квалификациите и искуствата коишто ги направиле другите успешни на своите работни позиции, можат да формулираат план. Кои чекори треба да се преземат за да се оствари и кој е временскиот рок? Ова е полесно да се рече, отколку да се направи. Ако оние коишто се успешни имаат напредни дипломи, сертификати или одредени години искуство, целта станува јасно. Но, доколку оние на слични работни позиции биле ангажирани поради тоа што припаѓаат на културата на компанијата, препораки или некој друг неопиплив квалитет, поставувањето на целта станува многу тешко. Без разлика на тоа, секогаш постои шанса барателите на работа да се подобрат себеси за да го усовршат своето знаење и своите вештини и да стекнат предност над нивните конкуренти. На нив останува да откријат што треба да направат и да го сторат тоа.
Пренасочите ги вашите напори
Една од можностите коишто ги нуди одбивањето да бидете примени на одредена работна позиција, е шансата да се направи повторна процена на целите и да се пренасочат напорите. Како што е споменато погоре, причината за одбивање можеби е недостатокот на квалификации или искуство или пак причината може да е вон контролата на кандидатот и ќе му бидат потребни неколку апликации и интервјуа за да ја добие посакуваната работна позиција. Но, доколку одбивањето продолжи, можеби постои неповрзаност помеѓу можностите на кандидатот и неговите цели. За жал, не може секој да ја исполни секоја цел и после многу одбивања, можеби ќе биде потребно да се направи преиспитување за да се одреди дали посакуваната кариера е во согласност со силните страни и вештините на кандидатот. Барателите на работа не треба да се плашат да побараат совет од менаџер, ментор или кариерен советник, за да се осигураат дека нивните кариерени цели се реалистични и достижни.
Барањето на работа може да биде долг и тежок процес, а исходот најчесто зависи од обидите, грешките и упорноста. Фрустрацијата е природна појава, особено во конкурентен пазар на труд. Барателите на работа често добиваат совети од добронамерните пријатели да останат позитивни и да не се откажуваат. Но, упорноста се исплати само ако целите се во согласност со можностите и ако има план да се постигнат. Работодавачите сакаат да ангажираат работници кои бараат фидбек и сакаат да се подобруваат. Слично, барателите на работа треба да ги сметаат одбивањата како можности за учење кои им овозможуваат да ги пренасочат нивните шанси за доаѓање до понуда, како и можност за задоволство од работата и успех.
Автор: Џон Фелдман
Извор: theundercoverrecruiter.com
Фото: Pexels