ПравдаСветот на работникот

Владата ја донесе одлуката за продолжување на работниот однос на административните службеници

Владата денеска ги донесе и Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за основното образование за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за Законот за средното образование, и Уредбата со законска сила за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба, со кои се овозможува продолжување на работниот однос на административните службеници, помошно-техничките лица, и стручните соработници кои засновале работен однос во основните или средните училишта до денот на утврдување на постоење на вонредната состојба, без јавен оглас на определено време на работно место кое е испразнето по основ на пензионирање, боледување, отказ, смртен случај и преземање.