- Advertisement -
МакедонијаПравда

40,000 деца нема да имаат уреди за да следат онлајн настава, неа ќе ја следат преку Јавниот сервис

40,000 деца нема да имаат уреди - Работник
292views

Протоколите за отворање на училишните и студентските домови се во Комисија за заразни болести. Министерството за образование и здравство разговараат за прилагодувањата коишто треба да се направат, за на крајот комисијата да може да ја донесе конечната одлука, рече Министерката за образование, Мила Царовска на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

„Штом Владата ја донесе одлуката, каква и да е истата, јавноста ќе биде известена“, рече Царовска. 

Во однос на платите на професорите во високото образование, Царовска рече дека сите плати се пуштени на второ ниво, истакнувајќи дека веројатно самите универзитети ги распоредуваат платите по факултети. Истакна дека за тоа прашање треба да се постави во ректорска управа. Вели дека при преземеањето на функцијата и биле потребни неколку дена за да постави исплатни картони и да се потпише во Центалниот Регистар за да може да се исплатуваат платите. Посочи дека требало да направи и контрола на системите во Министерството за да може да овласти луѓе за исплата на платите. 

Царовска рече дека ова нема да се случува повеќе и дека динамиката на исплата ќе биде од 5 до 7 дена во месецот. 

Во однос на целодневната настава, Царовска истакна дека се прават дискусии и со Комисијата за заразни болести и со Министерството за труд и социјална политика заради можноста децата да добијат одредена заштита по завршувањето на наставата. Рече дека за тоа јавноста ќе биде дополнително известена.

Таа додаде дека распоредот на наставата е донесен согласно одлуката на министерствата за образование и здравство која е потврдена на Влада, како план за отворање на училиштата.

На новинарско прашање како Министерството за образование ќе одговори на барањето на студентите државата да ги покрие тршоците надвор од студентската партиципација, Царовска рече дека таа е во постојана комуникација со Здружението на студенти и со Здружението на средношколци. Истакна дека со нив дискутира за сите предизвици.

„Она коешто Министерството од 1 октомври треба да го субвенционира е дел од партиципацијата, бидејќи тоа произлегува од третиот пакет на економски мерки кои Владата ги донесе. Тие ќе бидат поддржани за тие 100 евра, но не само за партиципација на факултетите, туку ќе можат да ги користат и за сместување и во државни домови и приватни сместувалишта, доколку се донесе одлука за отворање на студентските и училиште домови“, рече Царовска

Царовоска посочи дека 40,000 деца во државата веројатно нема да имаат ИТ уреди коишто ќе може да ги користат во домашни услови. Според неа, тоа е затекната состојба којашто не може да се надмине во период од еден месец. 

„За сите тие деца ќе има часови коишто ќе бидат поставени на Националната телевизија, на каналите коишто се веќе обезбедени и преку нив тие ќе бидат изложени на информациите кои ќе треба да ги добијат во училиште. А, училиштата ќе бидат тие кои ќе треба да им печатат материјали и да ги испраќаат до семејствата и обратно. Истите тие деца ќе бидат подложни и на оценувањето кое ќе биде воспоставено како ритам во училиштата“, вели Царовска.

Во однос на наставата со физичко присуство, Царвоска рече дека Комисијата за заразни болести била децидна за тоа дека оние коишто ги исполнуваат условите по протокол без да треба да се реорганизираат, а се во повиските одделенија или над четврто одделение, тие нема да можат. Нагласи дека на оние коишто природно ги исполнуваат условите, на нив ќе им биде дозволено. Вели тоа била првобитната одлука на комисијата. 

Реорганизацијата значи дека истиот број на ученции ќе бидат изложени на истиот ризик и комисијата е децидна дека во овој момент со оваа епидемиолошка слика тоа не треба да се дозволи, истакна Царовска. 

Бобан Илијевски