Светот на работникот

5 совети за како да објасните зошто барате нова работа

Постојат голем број на прашања кои ќе ви бидат поставувани во тек на интервјуто за работа. Едно од тие прашања често е: „Зошто бараш нова работа“?

Кога сте вработени, до некаде може да ви биде незгодно да објаснувате зошто барате нова работа. Секако, секогаш треба да одговорите искрено. Но, исто така не сакате да кажувате навредливи работи за вашиот шеф или моменталната компанија.

Па, како да објасните зошто барате нова работа кога сте веќе вработени? Во прилог следуваат пет совети кои можат да ви помогнат.

  1. Сте ја прераснале работната позиција

Помина времето кога луѓето ја поминувале нивната кариера во една компанијата. Доколку вашата работна позиција не расте и се променува симултано со вас, тогаш може да почувствувате дека ви станува досадна или не ве инспирира.

Прифатливо е да изјавите дека се сакале да работите за компанијата и сте научиле многу од вашата работа, се чувствувате дека сте научиле се што можете и дека барате нови предизвици каде што ќе можете подобро да ги искористите вашите вештини и вашето искуство.

  1. Објаснете какви проблеми можете да решите

Објаснувањето зошто сакате нова работа е прифатлив одговор, но не застанувајте тука. Одете чекор понапред и објаснете како можете да ги решите проблемите, дека сакате да решавате проблеми за компанијата и како тоа ја унапредува вашата кариера.

На пример, можете да ги посочите потенцијалните слабости со кои може да се соочи компанијата, а потоа да објасните како можете да ги смените во јаки страни со вашите свежи идеи, искуство и знаење. Потоа во остатокот на вашиот одговор во фокус ставете го тоа зошто новото работно место одговара на вашите цели во кариерата и кон каде сакате да се движи вашата кариера во иднината.

  1. Менувате кариера

Еден од најлесните начини да објасните зошто сакате да ја напуштите моменталната работна позиција е дека сте ги промениле вашите интереси за кариерата. Тоа е знак дека знаете што е за вас и што не е – буквално.

Доколку аплицирате за нова работа којашто е различна од вашата претходна сфера во која сте вработеле, кажете му на лице кое ви го прави интервјуто дека ја пренасочувате кариерата и дека работењето за компанијата ќе биде во линија на вашите нови цели во кариерата. Потоа објаснете ги сите ваши трансформирани вештини и искуства за да покажете дека сте квалификувани за работата.

  1. Тоа е следниот логичен чекор

Понекогаш сте го стигнале максимумот во вашата кариера во моменталната компанија, но сакате да одите уште понапред. Можеби поради тоа што компанијата е мала и нема место за унапредување или можеби е поради тоа што компанијата во којашто моментално работите има ограничен фокус, а вие сте одлучиле дека сакате да работите на поголеми проекти.  

Што и да е, објаснете како новата улога во новата компанија ќе ви помогне да напредувате заедно со вашата кариера додека објаснувате како вашите сегашни вештини ќе му донесат бенефит на работодавачот.

  1. Кажете им дека оваа е ваша работа или компанија, од соништата.

Работодавачите не бараат некој колку да ја исполни работната позиција. Тие бараат луѓе коишто имаат желба да работат за нивната компанија. Одговорете на тој начин што помалку ќе зборувате за вашиот претходен работодавач, а повеќе за тоа зошто менаџерот за вработување на компанијата е совршен за вас. Објаснете дека верувате во нивната мисија, поддржете ги нивните хуманитарни напори и поврзете се со културата на нивната компанија.

Овие работ можат да му покажат на потенцијалниот работодавач дека не само што сте истражувале за компанијата, но и дека ќе се вклопите добро со компанијата и нема да дадете отказ после шест месеци.  

Еве зошто…

Објаснувањето зошто барате нова работа кога веќе имате работа е акт на балансирање. Фокусирањето на вашиот одговор на тоа што можете да и понудите на компанијата и зошто е тоа правилниот кариерен чекор за вас, може да ви помогне да го импресионирате менаџерот за вработување.

Извор: https://www.flexjobs.com/

Фото: Freepik