5 совети како да го преживеете враќањето на работа после МИНИ ОДМОРОТ
Мини одморот од четири дена е готов, а кога некој ќе прашате дали се одморил, најчесто ќе слушнете „Не!“. И да, факт е дека четири дена навистина не е се многу денови за да се одмори човек, но се многу денови без рутина која, изгледа, се губи за момент.
Затоа денот кога ќе се вратиме на работа ни е тежок – треба да се вратиме на вообичаената работна рутина. Нашата положба дополнително ја отежнува фактот дека наскоро, еден, ваков сличен мини одмор, но помеѓу овие два, мора и нешто да се работи. Со други зборови, враќањето на работа е неизбежно.
Поради тоа, ако ве пречекал еден куп на мејлови и незавршена работа, соземете се, за да не „изгорите“ уште првиот ден.
Еве неколку совети како постепено да се привикнете на работата по враќањето од одмор.
1. Ако можете останате да работите од дома
Секому е потребно малку време за „да се врати во реалноста“.
Ако можете, земете ден или два после одморот/патувањето да се релаксирате дома и да се организирате пред да се вратите на работа. Фокусирајте се на тоа вашиот ум да се прилагоди. Ако не го направите тоа, ќе се соочите со голем стрес на работното место.
2. Испланирајте го вашето враќање на работа без брзање
Започнете со постарите проекти и задачите кои не сте ги завршиле пред да заминете на одмор.
Можеби ќе би биде примамливо веднаш да „скокнете“ во нови проекти, но не би требало да го правите тоа. Започнете од помалите задачи, бидејќи на тој начин ќе стекнете самодоверба. Запомнете – чекор по чекор!
3. Понесете „дел од одморот“ со вас
Сувенирите се вистински мали спомени кои можат да ве потсетат на тоа дека е океј да се одморите и да уживате во животот. Тоа може да биде некоја ситница, фотографија, па дури и мирис кој ве потсеќа на одморот. На тој начин создавате добра енергија во вашата канцелија.
4. Имајте нова перспектива
Можеби сте биле фрустрирани поради некоја задача пред одморот, бидејќи не сте знаеле како да ѝ пристапите и како да ја решите. Одморот можете да ви отвори нови хоризонти. Најдобрите идеи и најлесните решенија се пред вас, а до нив можете да стигнете ако сте отпуштени.
5. Правете паузи во текот на работниот ден
Немојте да дозволите вината поради отсуството да ве доведе до согорување.
Никој од вас не бара да работите со „брзо и јако темпо“ веднаш од првиот ден. Правите паузи од 10 минути на секои три часа, за да се оптуштите и да ја вратите енергијата. Фокусирајте се на една работа, наместо да се расфрлате на сите страни.
Извор: BIZLife/JJ
Фото: Pixabay

