Светот на работникот

50 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ОД МАКЕДОНИЈА ЗА АМЕРИКАНСКИ ТЕЛЕКОМ ОПЕРАТОР!

Според договорот, Мотиви ќе ангажира 50 нови вработени до крајот на 2022 година, на разни позиции кои ќе работат на задачи наменети за телеком индустријата во САД. Најголем дел од позициите вклучуваат инженери, оператори и други помошни позиции.

Сите ангажирани лица ќе добијат соодветна обука од врвни експерти од областа на телекомуникации од САД и Македонија. Очекуваме во текот наследните 3-5 години оваа бројка повеќекратно да се зголеми на стотици ангажирани работници.

Повеќе информации за конкретните можности за вработување ќе се објават следните денови ексклузивно на сервисот за огласи КАРИЕРА.мк, како и motivi.mk