Конечно решение на спорот помеѓу МОН и СОНК се очекува во петок
Денеска во просториите на СОНК се одржала уште една средба помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука, во рамките на дополнителниот десет дневен период за помирување, информираше Претседателот на СОНК Јаким Неделков преку фејсбук статус.
Тема на оваа средба, како што вели, биле колективните договори за основно и средно образовние, а страните расправале по прашања кои треба да бидат составен дел од колективните договори.
Се разговарало и за временската рамка на изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува.
Конечното усогласување, посочи Неделков, помеѓу двете страни во врска со ова прашање, каки и во однос на другите прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13.05.2022 година, за кога е и закажана следната средба.

