МакедонијаПравдаСветот на работникот

6-мина здравствени работници од штипската болница се во самоизолација

122views

Шест здравствени работници од штипска клиничка, две докторки, три медицински сестри и еден лаборант се во самоизолација, поради контакт со нивни колеги од инфективно и физикална медицина позитивни на Ковид 19. Епидемилозите се уште утврдуваат како се заразиле, на работното место или во контакт со некој од заразените од познатиот тектилен кластер.

Без разлика што еден од вработените ни е од инфективното одделение, не можеме да тврдиме дека заразата ни е од таму. Значи може и надвор од работно место и од таму, важно е што тие се позитивни, тргнати се на страна, треба да се борат со болеста. –изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница – Штип.

Во моментот на инфективното одделение се лекуваат 23-ца пациенти. Вчера попладне еден пациент, на кого состојбата му се влошила, е пренесен и хоспитализиран на Клиниката за Инфективни болести во Скопје. Еден е испишан на домашно лекување.

„Имаме 4-ца кои се со малку потешка клиничка слика, имаат температура, кашлица и имаат потреба од периодична кислородна поддршка“, додаде Георгиев.

Среќа во несреќа е што многу мал дел од ново дијагностицираните имаат симптоми и потреба од болничко лекување. Во случај да се зголеми бројот на хоспитализирани пациенти, на помош на инфективно ќе дојдат епидемилози од Кочани и Струмица.

  1. Извор: Сител