Вести

7 стигми на работните места кои треба да се „скршат“ веднаш – Се однесуваат на плати, родителство и менструација

Подготивл: Бобан Илијевски

Многу луѓе би рекле дека работното опкружување драстично се подобрило во смисла на инклузивноста, што е и точно, но и понатаму постојат некои стигми кои секојдневно, во голема мера, влијаат на вработените жени и другите маргинализирани групи.

Во 2020 година, жените имале само 38 % од менаџерските позиции, додека мажите држеле 62 %. Мајките три пати повеќе биле одговорни за поголемиот дел од домашните обврски во текот на пандемијата, во однос на татковците. Дополнително, 42 % од Афроамериканките се чувствувале непријатно на работа, кога и да се започнел разговор за расната нееднаквост.

И понатаму се присутни доста стигми, кои често доведуваат до дискриминација, вознемирување и согорување на работното место. Поради тоа, секоја четврта жена размислува за тоа да ја смени кариерата или да престане да работи.

Во продолжение следуваат 7 најчести стигми портив кои треба да се бориме:

1. Зборување за политика

Поголемиот дел од луѓе се чувствуваат многу непријатно кога само ќе помислат на тоа да разговараат за политика на работа, бидејќи, гледано и историски, личните политички уверувања и работното место се две многу различни димензии. Но се повеќе, политички и социјални движења како Black Lives Matter (САД) во голема мера влијаат на сите аспекти од животот на еден граѓанин, вклучувајќи го и работното место. Нереално е потполно да се одвојат своите лични уверувања од работата, бидејќи тие уверувања се често поврзани со идентитетите на вработените. Исто така, обврска на работодавачите е да обезбедат опкржување во кое вработените ќе се чувствуваат безбедно.

2. Зборување за платите

Во САД, жените во просек заработуваат 82 центи, на 1 долар кој го заработуваат мажите – белци. Постојат многу системски фактори кои придонесуваат на тој јаз во платите меѓу половите, вклучувајќи го и сортирањето по основ на професија, потоа нееднаква распределба на работата во домаќинствата, фактот дека жените се обесхрабрени да зборуваат за пари на работнто место (и на други места). Разговорот за пари и понатаму е табу тема, бидејќи и самите компании инсистираат на политика на приватност, но сако за тоа не се зборува, жените и другите маргинализирани групи нема никогаш да знаат дали се платени во согласност со својата работа и квалификации, бидејќи нема да имаат прилика да се споредат.

selidba, kutija, useljenje, stvari, kancelarija, posao, otkaz

Фото: Shutterstock

3. Пирсинзи и тетоважи

Многумина имаат проблем кога треба да аплицираат за одредена работа, доколку имаат многу тетоважи или се тие на видно место, а истото е и со носењето на присинг. Иако овој вид на „украс“ на телото одамна не е табу, на работните места и понатаму има стигма по тоа прашање. Некои дтудии дури покажале дека жените со тетоважи се доживуваат како помалку интелегентни, помалку чесни и помалку мотивирани.

4. Жените и работата поврзана со грижа за некој/нешто

Жените низ историјата се потикнувани да остваруваат кариери „ориентирани на нега“, во рамките на образованието, негата и грижата за деца. Тоа е т.н. сортирање на професии, каде луѓето од различен пол се „сместуваат“ во родово стериотипни кариери и тоа доведува до стигматизирана положба на жените, кои се несомнено во помал број од мажите во области како на пр. технологијата. Исто така, од жените се очекува преземање на „работата“ во домаќинството, а таа „работа“, секако не се плаќа и не се цени доволно.

5. Ментално здравје

Што помалку се зборува за менталното здравје и менталните болести на работа, толку повеќе стигмата расте. Менталните болести и понатаму погрешно се толкуваат, а многумина од вработените не се чувствуваат пријатно да ги откријат, од страв дека ќе бидат погрешно сфатени: како премногу чувствителни, неспособни или дури и опасни. Податоците од американскиот попис покажуваат дека третина од Американците покажуваат клиничка анксиозност или депресија и дека еден ид пет вработени имаат загрозено ментално здравје.

posao - radnici

Фото: Shutterstock

6. Вработени мајки

Според LinkedIn, 35 % од родителите кои не прават пауза во кариерата, а би сакале, како причина за тоа го наведуваат стравот од губење на работата, а уште 15 % велат дека се грижат дека нема да напредуваат во кариерата, доколку земат слободно време. Тој страв потекнува од стигмата дека вработените родители (особено мајките) на некој начин се помалку компетентни и посветени, бидејќи мораат да „жонглираат“ помеѓу обврските дома и во канцеларија или дома.

7. Менструација

Разговорот на оваа тема останува непријатен за многу жени. Истражувањето на DPG открило дека 60 % од жените кои имаат менстурација сметаат дека воопшто не можат да зборуваат за тоа на работа, а овој број се зголемува на 75 % на работните места каде бројот на мажи е поголем од тој на жени. Стигмата може дури да доведе до тоа вработените да почувствуваат потреба да ја сокријат вистинската причина зошто земаат слободен ден, а 57 % од жените велат дека морале да лажат за причинте поради кои им треба боледување, поради менструалните болки.

 

Фото: Shutterstock

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk