700 вработени во рудниците Бучим и Боров дол од утре се враќаат на работа

Од утре, рудниците Бучим и Боров дол ќе го продолжат производствениот процес, што го прекинаа на 1 септември поради модернизација и монтирање нова современа опрема, како и за реализирање на проект за обновливи извори на енергија.

Со тоа на работа се враќаат околу 700 вработени, кои два месеци беа на принуден одмор..

„Во изминатите десетина дена, видовме промена на цената на електричната енергија што ни овозможи да ги продолжиме производствените активности со надеж дека тенденцијата ќе продолжи и цената на регионалната берза за електрична енергија ќе се стабилизира. – велат од компанијата.