МакедонијаСветот на работникот

72% од вработените во Алта банка Битола се жени

Интересен податок, нетипичен за македонски услови, соопштија од Алта банка АД Битола во годишниот извештај за работењето лани, објавен преку Македонската берза.

Од вкупниот број на вработени заклучно со 31.12.2025 година дури 72% се жени.

Во Надзорен одбор жените претставуваат 20% од вкупниот број на членови, додека во Управниот одбор на Банката учеството на жени се движеше од 50 до 100% во текот на извештајната година.