85% од административците земаат плата под просечната
Зимата што доаѓа тешко ќе ја издржат вработените кои имаат плата под просечната. Со овие цени на храна и струја над 80 проценти од вработените во администрацијата едвај ќе крпат крај со крај, вели претседателот на Синдикатот на државната управа и правосудството, УПОЗ, Трпе Деаноски.
Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Деаноски вели дека Владата нема слух за вработените кои се под државна капа. Две минимални плати од 18 илјади денари нема да може да ги покријат месечните трошоци, кои според синдикалната кошничка достигнаа речиси 40 илјади денари.
Повеќе на АлсатМ
