Вести

90 % од успехот зависи од овие вештини, вели милионерот

Пред да се пензионира на 35 години, Стив Адкок поминал 14 години работејќи во технолошкиот сектор. На своите раководни позиции, интервјуирал повеќе од 100 кандидати, а изненадувачки број од нив не поминале баш најдобро во вториот круг.

„Да бидеш добар во интервјуата не значи само да ја добиеш работата на крај. Знаењето како да се развијат односи со луѓето е клучно во многу аспекти од вашиот професионален живот, како што се навигацијата во односите, решавањето на проблеми, добивање клиенти, јавен настап и преговарање за платата и нејзиното зголемување“, вели Адкок.

На база на неговото искуство, 90 % од успехот се сведува на интервјуата за работа и колку ќе испаднете способни во процесот на интервјуирање, а за жал, поголемиот дел од младите се ужасни во тоа.

Во прилог се петте правила на Стив како да направите се што треба и да заблескате на интервју за работа:

  1. Никогаш не сте премногу облечени

„Имам видено луѓе кои на интервјуата се појавуваат во маици и фармерки додека јас носев закопчана кошула. Дури и да беа квалификувани на други начини, начинот на облекување укажаа на лоша процена и недостаток на обѕир“, образложи милионерот.

Ако не сте сигурни колку професионална треба да биде вашата облека, прашајте го својот контакт за човечки ресурси за канцеларискиот кодекс на облекување. Исто така, носењето на нотес и пенкало може да ви помогне да изгледате подготвено и организирано.

  1. Бидете искрени за тоа каде можете да се подобрите

Кога интервјуерите ќе ве прашаат за вашите најголеми слабости, она што тие навистина го мерат е вашето ниво на самосвест и вештините за решавање на проблеми.

Најдобар начин да одговорите е да бидете искрени за тоа каде ви недостасуваат вештини и што сте направиле досега за да ги подобрите.

На пример: „Склон сум кон тоа да брзам низ проектите и понекогаш ги пропуштам ситните детали, па започнува да се движам со послабо темпо и барам од другите членови на тимот придонес“.

  1. Нагласите ги единствените вештини за решавање на проблеми

Адкок појаснува дека на интервју за работа поставувал две прашања во контекст на ова:

  • Кажете ми за моментот кога сте решиле вообичаен проблем користејќи се со неконвенционално решение?
  • Опишете случај кога не сте успеале. Како управувате со ситуацијата?

Многу луѓе заглавиле на овие прашања бидејќи не сакале да зборуваат за своите грешки, нагласува Стив.

„Но, не се грижев дали ќе згрешат, неуспехот ни помага да бидеме подобри. Повеќе ме интересираше како го процениле неуспехот и како оздравеле од него и како ќе го направат тоа во мојот тим“, вели тој.

  1. Секогаш поставете најмалку две прашања

Никогаш не ја пропуштајте приликата да поставите прашања на крајот на интервјуто. Стив вели дека некои луѓе ги вработил затоа што поставиле проникливи прашања, без да брзаат да си заминат.

Најдобрите прашања покажуваат дека сакате веднаш да бидете вредни на тимот и да имате начин за размислување за растот.

Неколку примери:

  • Со кој предизвик редовно се соочувате во вашата работа?
  • Кои се најитните проекти на кои треба да се обрне внимание?
  • Дали ќе постои можност за продолжени задачи каде можат да научам и користам нови вештини?
  • Дали компанијата нуди програми за обука на вработените?
  1. Со себе понесете интересни приказни

„Еден од најдобрите показатели дека некој одговара во мојот тим беше нивната способност да раскажат приказна“, истакна Стив.

Кои се вашите работни искуства кои најмногу ги паметите? Можеби тоа е некој неочекуван инцидент кој ви помогнал да добиете клиент. Или можеби сте користеле хумор за да го спасите вашиот тим од срам. Најдобрите приказни се интересни, незаборавни и предизвикуваат некој вид на емоција.

Исто така, таа го прави процесот на интервјуирање поинтересен и попријатен за сите во просторијата.

 

Извор: BIZLife

Фото: Unsplash/Pexels