Светот на работникот

Македонските сезонски работници во Хрватска заслужуваат подобрени работнички права

Еден од најголемите приоритети на Синдикатот за угостителство и туризам на Македонија е сезонските угостителски и туристички работници коишто одат да работат вон Македонија е да имаат подобрени права и безбедни и здрави услови за работа.

Со оглед на тоа дека најголемиот дел од сезонските работници одат на сезонска работа во Хрватска, СУТ потпиша Спогодба со Синдикатот за туризам и услуги на Хрватска, со која на работниците им се овозможува да се вработат во правни субјекти каде се почитуваат работничките права и со кои хрватскиот синдикат има потпишано Колективен договор на ниво на работодавач.

На тој начин, македонските сезонски работници ќе ги уживаат истите права како и нивните хрватски колеги.

Сакаме угостителските и туристичките работници коишто ќе работат во Хрватска да имаат правна заштита и да ги уживаат сите права од работен однос кој им следуваат согласно хрватските закони и колективни договори.

За повеќе детали можете да испратите е-маил на sut.sindikat@gmail.com или да се јавите на телефонските броеви: 078 – 243 – 713 и 070 – 605 – 816.

Во прилог обраќањето на Претседателот на Синдикатот за туризам и услуги на Хрватска Едуард Андриќ: