МакедонијаПравдаСветот на работникот

Д-р. Лазаров: Не планирам да се вакцинирам во 2022, министерот не требаше да ја одбива понудата на Србија

Д-р. Ненад Лазаров реагира на тоа што министерот за здравство, Венко Филипче, уште пред три недели ја одби понудата на српската премиерка, Ана Брнабиќ, здравствените работници да се вакцинираат во Србија.

-Со кое право министерот рече не благодарам на Србија за понудата за вакцини за македонските здравствени работиници? Ќе си одевме најкултурно ќе се вакциниравме за да може да работиме. Не се вакцинирај ако не сакаш, немој мене тоа право да ми го ускратуваш, пошто 2022 да се вакцинирам не планирам.