НовостиСветот на работникот

Пет причини зошто треба да се воведе четиридневна работна недела

   Време за читање 5 минути

На светскиот економски форум станало збор за тоа зошто е важно да се воведе четиридневна работна недела. Биле издвоени пет причини зошто би требало да се воведе.

Организискиот психолог Адам Грант потсетил на искуството на американскиот индустријалец Хенри Форд, зборувајќи во прилог на четиридневната работна недела.

Хенри Форд пред еден век, не знаејќи дека има просветителски погледи за менаџментот и грижата за луѓето, ја скратил работната недела од шест на пет дена поради тоа што сфатил дека луѓето се повеќе продуктивни така. Се подигнал моралот, имало поголема лојалност и помалку откази. Рекол дека тоа е добро за работењето. Потоа започнавме да се чудиме: Добро, а зошто застанавме на пет работни дена? Дали е тоа наредено или станува збор за човечка конструкција која треба да се преиспита“, рекол Грант, пренесуваат медиумите.

Четиридневната работна недела веќе ја воведуваат владите и големите компании.

Пет причини поради кои се смета дека четири дена се доволни е што тоа е добро за планетата, за продуктивноста и за благосостојбата на луѓето за да можат да се спасат животи и да се штедат пари, што луѓето ќе имаат поголема контрола над своите животи, но и тоа што работниците ќе имаат поголема флексибилност.

Да се воведе четиридневна работна недела е добро за планетата Земја

Хилари Котам од Центарот за петтата социјална револуција образложила зошто со четири работни дена неделно се придонесува кон заштита на планетата Земја.

Една од работите за кои мораме да разговараме е климатската агенда, бидејќи постојат добри истражувања кои покажуваат дека работењето помалку значи и помалку патување, помалку купување, а повеќе време, рекал Котам.

Кога Мајкрософот во 2019 година, во Јапонија вовел четиридневна работна недела потрошувачката на струја била намалена за 23 %, додека потрошувачката на хартија за 59 %.

Добро е за продуктивноста и благосостојбата на луѓето

Обединетите Арапски Емирати на вработените во јавниот сектор им овозможиле да работат четири дена во неделата.

Некои од првите податоци кои ги собравме навистина многу ветуваат. Вработените, 70 % од нив, рекле дека работат поефикасно, подобро ги одредуваат приоритетите и дека во текот на неделата подобро управуваат со времето. Одлично е тоа што бројот на отсуства од работа се намалил за 55 % и што 71 % од вработените рекле дека повеќе време поминуваат со своите семејства, објаснила министерката за развој на УАЕ Оход Бинт Калфан Ал Руми.

Заштеда на пари

Котам се повикала на податоците на агенциите на Обединетите нации за да нагласи колку долгата работа е штетна по здравјето.

Она што е важно е колку е скапа прекувремената работа. Податоците на Меѓунардоната организација на трудот и Светската здравствена организација зборуваат дека работата не убива, бидејќи кога работите многу, тогаш морате да знаете дека општеството се соочува со масовни кризи со менталното здравје. Оштеството се соочува со сите видови на болести, рекла таа.

Според податоците на СЗО, долгата, повеќечасовна работа на годишно нив одзема 745,000 луѓе. Речиси 9 % од глобалната популација неделно работи 55 часа и подолго.

Поголема контрола над животот

Ан-Мери Слотер од организацијата „New America“ сметка дека со воведувањето на четиридневна работна недела се овозможува во целост да бидеме човечки суштества.

Мислам дека со тоа добиваме време во целост да бидеме човечки суштества. Хилари Котам и јас многу имаме пишувано за она што го нарековме Sapiens Integral. Значи, постои митски homo economicus – човечко суштество кое е континуирано рационално и кое е водено од потребите и постои потполно човечко суштество кое е загрижено, кое има интеракции и останати добри работи, истакнала Слотер.

Во последните неколку години постои потреба работата да се направи пофлексибилна и многу од работниците сакаат така да остане.

Тоа е можеби дел од влијанието на коронавирусот и пандемијата во текот на кои луѓето поминале низ ролеркостер на промени. Работеле од дома, линијата помеѓу приватниот и професионалниот живот е замаглена. Кога започнале да се враќаат во канцелариите, настанале тензии. Барале поголема флексибилност, поголема благосостојба, рекла министерката од УАЕ.

Работниците бараат поголема флексибилнсот

Задоволстовото на работникот на денешниот пазар на труд е поголем приоритет. На ова укажал и Џонас Прајсинг од глобалната компанија за вработување „Manpower Group“.

Нагласил дека работниците се повеќе сакаат да бидат во компании кои им овозможуваат флексибилност и им овозможуваат да прават избор. Оценил дека така и ќе остане.

Извор: Медиуми

Фото: Pixabay, Unsplash