ЕкономијаМакедонија

“Алта банка“ Битола од денеска исплаќа готовина, приоритет граѓаните кои немаат платежни картички

Од денес започнува исплатата на готовински средства за клиентите на „Алта банка“ Битола кои немаат платежни картички. На новоотворените шалтери во битолската филијала, граѓаните главно пензионери и приматели на социјална помош ќе можат да подигнат максимум до 20.000 денари во период од две недели. Исплатата ќе се одвива строго по распоред, а граѓаните за нивниот точно определен термин ќе бидат известени преку СМС-порака.