ВИДЕО | Балканец нашол производ од Југославија на работа во Австрија, целиот регион e преплавен со носталгија
Една објава на Тикток, споделена од работник вработен во австриска фабрика, во последните денови предизвика многу реакции и бран носталгија на социјалните мрежи, потсетувајќи многумина на индустриската сила на поранешна Југославија.
Работник од нашиот регион, додека бил на смена, се изненадил кога посегнал по алатка која и денес се користи секој ден, а на која јасно е изгарвиран натписот „Југославија“.
@pongi744 #viral #domace #fyp #fypppppppppppppp ♬ Originalton – 🇷🇸🇧🇦🇭🇷🇸🇮🇲🇪🇲🇰
Станува збор за клуч вилушкар од марката „Танг“, произведен во Нова Градишка, кој, дури и по повеќе од три децении од распадот на поранешната држава, беспрекорно ја извршува својата функција.
Објавата набрзо станала вирална на социјалните мрежи, каде што предизвикала лавина коментари од целиот регион и од дијаспората. Повеќето се согласиле за едно – порано се произведуваше со цел – трајност, а не брза замена.
„Југославија имаше квалитет, а тоа беше ЈУС стандардот. Ретко кој имаше таков материјал. Ги извезуваше своите производи низ целиот свет и беше вистинска економска сила“, напишал еден корисник, а неговиот коментар добил стотици „лајкови“.

