СветСветот на работникот

DB отпушта 5,000 работници

   Време за читање 1 минута

Одделението за превоз на товар Deutsche Bahn – DB Cargo би требало да отпушти значајно повеќе работници отколку што претходно се очекувало, изјавила шефицата на компанијата DB Cargo, Сигрид Никута.

Таа навела дека поради моменталните економски прогнози компанијата очекува дека ќе се затворат 5,000 работни места до 2029 година, пишува SEEbiz.

Досега со работничките совети се договорени само 2,300 откази. Значителен дел од дополнителните откази ќе се случат во администрацијата, иако тоа ќе влијае и на оперативниот сектор, рекла Никута.

Таа сака да го постигне тоа преку природен одлив на работниците.

До 2024 година, околу 1,000 вработени веќе ја напуштиле компанијата, првенствено поради пензионирањето на бејби бум генерацијата. Околу 650 колеги добиле нови понуди за работа во рамките на железничката група, рекла Никута.

Таа додала дека во рамките на програмата за доброволно заминување компанијата ќе ја напуштат доплнителни 700 вработени.

Од перспектива на компанија DB Cargo, ова ја намалува потребата за затворање на работните места во наредните пет години на околу 2,650 позиции.

DB Cargo со години прави значајни загуби. По одлуката на Европската комисија овие загуби повеќе не може да ги надомести матичната компанија. DB Cargo сега има рок до 2026 година да стане профитабилен.

Поради тоа Синдикатот за железници и транспорт (ЕВГ) и работничките совети веќе со месеци преговараат за сеопфатна програма за штедење.

Во октовмри сите страни се договориле за отпуштање на 2,300 работници. Никута секогаш нагласувала дека тоа би можело да влијае на повеќе работни места. Според податоците на компанијата, DB Cargo има околу 31,000 вработени.

Ивор: b92.net

Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF