Европејците поминуват еден час на пат до работа и се среќни: Еве кој најдолго се „клацка“
Колку време поминуваат Европејците патувајќи до работа? Ширум континентот, просечното дневно патување изнесува 48 минути, но во него се крие огромна разлика.
Според новото истражување на компанијата за управување со таленти SD Worx, просечното дневно патување на работа ширум Европа изнесува 48 минути. Меѓутоа, тој континентален просек сокрива колку различните нации ја доживуваат географијата, сообраќајот и начинот на размислување на работниците.
Додека европскиот просек се движи околу три четвртини од час, поединечни земји сосема различно ја доживуваат реалноста на своите патишта и железнички пруги.
Земјите како Италија и Словенија успеваат да го одржат дневното време на патувања релативно кратко, околу 35 минути.
На спротивниот крај, земјите многу се приближуваат до границата од еден час. Шевдска и Ирска приајвуваат високи просеци од 57 и 56 минути, соодветно.
Заземајќи го првото место во вкупниот пласман, Белгија официјално ја преминува едночасовната граница со 61 минута дневно. Тоа е така поради фактот што 13 % од нејзината работна сила се „супер патници“, покажува истражувањето на SD Worx. Тие поминуваат два часа или повеќе на пат – најголемата стапка во Европа – при што 14 % патуваат преку 120 километри дневно.
Оддалеченост наспроти задушување: Холандија и Романија
Податоците, исто така, откриваат фасцинантни разлики во тоа зошто патувањата на работа траат толку долго. На пример, Холандија и Романија просечно патуваат 53 минути дневно за на работа, но основната динамика е потполно спротивна, пишува Euronews.
Работниците во Холандија преминуваат во просек 63 километри, потпирајќи се на ефикасната инфраструктура за обавување на патувања на голема оддалеченост.
Во Романија, работниците го поминуваат истиот тој прозорец од 53 минути поминувајќи многу пократка географска оддалеченост, каде густиот сообраќај и градските гужви одземаат од времето.
Парадоксот на патувањето на работа
Можеби најинтересната поука од истражувањето е како работниците психолошки го поднесуваат своето време на патување.
Дури и во Белгија – каде просечното патување на работа го преминува ограничувањето од 57 минути, кое луѓето генерално го сметаат за „прифатливо“ – само 34 % од работниците го сметаат тоа време за изгубено.
И покрај едно од најдолгите транзитни времиња на континентот, побарувачката за работа на далечина помеѓу белгиските работници изнесува само 32 %, што е веднаш под меѓународниот просек.
Ширум Европа, секојдневното патување на работа останува мешавина на инфраструктурни предизвици и лични рутини, што докажува дека времето кое го поминуваме патувајќи до на работа е многу повеќе од само километри на мапата.
Извор: Telegraf Biznis/Euronews
Image by sharwan894984 from Pixabay
