Наука

Google поставува нов интернет кабел меѓу САД и Европа

Google поставува нов интернет кабел меѓу САД и Европа - Работник
306views

Google ќе инсталира нов интернет кабел под морето меѓу САД и Европа со цел да обезбеди побрза интернет врска со оглед на зголемениот трансфер на податоци.

Новиот кабел ќе ги поврзе Соединетите држави со Велика Британија и Шпанија, а инсталацијата се очекува да заврши во 2022 година. Инсталирањето на новиот кабел треба да го зголеми капацитетот за некои од најважните платформи на Google, како што се Gmail и Google Cloud, пренесува Independent.

Инфраструктурата ќе овозможи системот да биде безбеден и издржлив, со што ќе се избегнат евентуални проблеми предизвикани од прекини, како што се штети предизвикани од ајкули.

Покрај тоа, таа ќе обезбеди дополнителна безбедност на јавниот интернет, објавено е од „Гугл“.

Кабелот ќе содржи 16 оптички парови, што, како што е наведено од „Гугл“, е „значително подобрување за интернет инфраструктурата што ги поврзува САД и Европа“.

Кабелот ќе биде поставен помеѓу Њујорк до Бјуде, на југозападниот дел на Англија и Билбао на северот на Шпанија.

Гугл последен пат го инсталира кабелот меѓу Соединетите држави и Велика Британија во 2003 година, а новиот кабел ќе го носи името Грејс Хопер, која е позната во светот на информатиката за нејзината работа на првиот линкер.

На морското дно низ целиот свет, Гугл веќе има три кабли преку кои се пренесуваат 98 проценти од податоците за Интернет.

Извор: rts.rs