- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовости

HБPM: 2020 помеѓу нajлoшитe години за стpaнcки инвecтиции

HБPM: 2020 помеѓу нajлoшитe години - Работник
172views

Со само 205 милиони евра странски директни инвестиции, минатата е една од најлошите години во земјава на овој план.

Според податоците објавени на сајтот на НБРМ, годината воопшто не започнала лошо и заклучно со март се слале близу 136 милиони евра инвестиции. Потоа, со стартот на здравствената криза започнува и одливот на капиталот. Во вториот квартал кој го одбележа строг карантин од земјава се одлеале 6,7 милиони евра, а во периодот од јули до септември над милион евра повеќе.

Позитивниот тренд кој во последниот квартал ги зафати сите сектори се преслика и кај странските инвестиции. Тогаш во земјава се влеале 84,3 милиони евра.

Кризната 2020 не ја одблежаа само лошите бројки туку и раскинувањето на договорите за инвестирање со четири странски компании кои требаше, ама не почнаа да градат во зоните. Лани, земјава не забележа ни една нова странска инветсиција.

Рекордна година по СДИ за земјава беше 2018 кога се слеаа над 600 милиони евра, а полоша од 2020 била само 2017, годината кога имаше најтешка политичка криза во Македонија, тогаш во земјава се слеале само 180 милиони евра СДИ.