Инфлацијата во Шпанија достигна 4,9%
Инфлацијата во Шпанија во септември достигна 4,9% на годишно ниво, што е највисоко ниво од февруари 2023 година.
Зголемување е забележано и кај базичната инфлација, која се искачи од 2,9% на 3,1%, што покажува дека ценовните притисоци не се ограничени само на енергенсите.
Податоците од Шпанија се меѓу првите сигнали за движењето на инфлацијата во еврозоната. Во август, инфлацијата во еврозоната достигна 3,2%, при значителен раст на цените на енергијата.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, предупреди дека поскапувањето на енергенсите ги зголемува инфлациските ризици, но засега нема знаци дека тие се пренесуваат во повисок раст на платите.
Според септемвриските проекции на ЕЦБ, инфлацијата во еврозоната се очекува да биде просечно 3% во 2026 година, 2,5% во 2027 и 2,1% во 2028 година.

