Останато

Кај директорот на Uber нема „слободно време“ – се очекуваат одговори на мејлови и за викенд

Извршниот директор на Uber, Dara Дара Кхороваши, порача дека вработените кои бараат баланс помеѓу работата и приватниот живот – или сакаат да „одработуваат минимум“ – немаат многу шанси во оваа компанија вредна 157 милијарди долари.

Тој истакнува дека очекува исклучително силна работна етика од своите вработени, вклучително и достапност за време на викендите. Во спротивно, ризикуваат да ја изгубат работата.

„Ќе бидеме многу изискувачки настроени. Ако не ги исполнувате очекувањата, тоа јасно ќе ви го кажеме. А ако не го поправите тоа – ќе бидете оттурнати од компанијата“, изјави Кхороваши во подкастот Diary of a CEO.

Култура на работа без викенд

Кога во 2017 година го презеде раководењето со Uber, компанијата бележеше загуби од 2,5 до 3 милијарди долари годишно и, според него, почнала да се потпира на претходните успеси. Со цел да го сврти работењето, Кхороваши ја промени стратегијата, но и работната култура – вклучувајќи ги и очекувањата надвор од работното време.

„Дел од напорната работа е и праќање мејлови до тимот во сабота“, вели тој. „Ако не добијам одговор во сабота, праќам мејл во недела со прашање – што се случува?“

Засега, резултатите се видливи: Uber минатата година оствари 9,8 милијарди долари слободен паричен тек.

„Најважната вештина е работната етика“

Кхороваши смета дека успехот не зависи толку од изборот на кариера, туку од подготвеноста да се работи повеќе од другите.

„За мене, најважната вештина во животот е способноста за напорна работа“, нагласува тој.

Според него, луѓето премногу се оптоваруваат со изборот на професија – дали ќе бидат програмери, лекари или ќе студираат општествени науки – додека суштината на успехот е многу поедноставна: доследна и посветена работа.

„Нема да дозволам некој да ме надмине со работа“, вели тој. „Можеби се попаметни или поталентирани, но нема да дозволам да работат повеќе од мене. Тоа е огромна предност која со време само расте.“

Баланс со компромиси

Сепак, и тој поставува одредени граници. Кога е во град, резервира два часа за вечера со семејството. Но, веќе околу 21:30 часот се враќа на мејловите, а inbox-от повторно го проверува во 5:30 наутро.

Тој нагласува дека балансот помеѓу работата и приватниот живот постои, но не без комприси.

„Луѓето често ја мешаат флексибилноста со неработење. Може да се работи напорно и истовремено да се има флексибилност“, вели Кхороваши. „Но, секако – животот е низа компромиси.“

Извор: BIZLife.rs