ЕкономијаСвет

Компанијата „AMD“ вреди повеќе од трилион долари

Акциите на американскиот производител на полупроводници AMD денес достигнаа рекордно високо ниво, со што пазарната вредност на компанијата за прв пат се искачи над трилион долари.

Според податоците на берзата, акциите на AMD пораснаа на 613,92 долари за време на тргувањето, зголемувајќи ја вкупната пазарна вредност на компанијата малку над границата од 1 трилион долари, објавува CNBC.

AMD продолжи со растот петта последователна трговска сесија, при што акциите добија околу 24 проценти во тој период.

Порастот на акциите доаѓа во време на силен интерес на инвеститорите за компании поврзани со вештачката интелигенција (ВИ) и пазарот на напредни чипови.

AMD е најпознат по Ryzen процесорите за компјутери, EPYC процесорите за сервери и Radeon графичките картички, а во последниве години се повеќе се фокусира на акцелераторите Instinct AI, наменети за центри за податоци и вештачка интелигенција.

Во вториот квартал од 2026 година, компанијата оствари приход од 9,2 милијарди долари, што е за 22 проценти повеќе во однос на претходната година.

AMD регистрираше приход од 34,6 милијарди долари во 2025 година, што е за 34 проценти повеќе во однос на претходната година, при што приходите од центрите за податоци изнесуваа 16,6 милијарди долари, или околу 48 проценти од вкупните приходи, објави компанијата претходно.