МакедонијаСиндикат

КСС учествуваше на Десеттиот конгрес на националниот синдикат Обединети грански синдикати „Независност“ од Србија

Фејсбук статус на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија:

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски и Зоран Антовски учествуваа како претставници на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на Десеттиот конгрес на националниот синдикат Обединети грански синдикати „Независност“ од Србија, под мотото „Независни во ставот, обединети во силата“ кој се оджа на 23.11.2026 година во Белград, Србија.

Учеството претставува можност за зајакнување на синдикалната солидарност, размена на искуства и унапредување на меѓусебната соработка во интерес на работниците и нивните права.

На нашите синдикални пријатели им посакуваме успешна работа и многу успеси во идните синдикални предизвици!