Објавено колку заработуваат професорите, учителите и наставниците во Хрватска: На некои платата им е и преку 3,000 евра
Платите во образованието повторно станале тема на расправа на социјалните мрежи, откако на Редит била објавена споредба на примањата на учителите во основни училишта, наставниците во средните училишта и професорите на факултетите. Авторот на објавата укажал на големи разлики помеѓу најниските и највисоките плати, што започнало дискусија за тоа дали таквите плати се оправдани.
Според наводите од објавата, просечните нето плати во образованието се движат од околу 1,575 евра во основните училишта до околу 3,376 евра на факултетите. Авторот го поставил прашањето дали тие плати се реални и во согласност со одговорностите кои ги имаат просветните работници, истакнувајќи дека разликата помеѓу учителите во основните и средните училишта не е голема (околу 137 евра), но дека разликата помеѓу учител и редовен професор со трајно звање е околу 1,801 евро.
Разлики во кариери и звања
Објавата предизвикала голем број на коментари, а многумина истакнале дека не е едноставно бидејќи се работи за различни нивоа на академска и професионална кариера.
Еден корисник објаснил дека до звањето на редовен професор се доаѓа преку долг и изискувачки академски пат. Како што наведува, по завршувањето на факултетот можно е да се вработиш како наставник или асистент на факултет, но патот до најголемото звање трае со години.
По докторотатот, следат научните и наставните звања низ повеќе фази: после докторските студии, доцент, вонреден професор, редовен професор, па дури потоа редовен професор со трајно звање. Целиот процес може да трае повеќе од една деценија и изискува значаен научен и академски придонес.
Како што се наведува во коментарите, редовните професори со трајно звање го претставуваат самиот врв на академската хиерархија и најчесто се водечки експерти во своите области.
„Иако ги ценам учителите и сметам дека тие и професорите треба да имаат повисоки плати, овие позиции нема логика директно да се споредуваат бидејќи не изискуваат исто ниво на знаење, одговорности и кариерен пат“, навел еден коментатор.
„Ги немаат сите тие плати“
Од друга страна, се јавиле и вработените во училиштата кои тврдат дека реалните плати често не одговараат на износите кои се споменуваат во јавноста.
Една наставничка навела дека после 11 години работа во основно училиште нејзината плата не го достигнува износот кој е наведен во објавата, и покрај стажот и олеснувањата.
Таа истакнала дека работата се работи со посветеност и дека сака да работи со деца, нагласувајќи колку е важно влијанието на наставниците на учениците и нивното образование.
Додала дека, иако работата не е „најтешка на светот“, смета дека не и’ се придава доволно значење во однос на одговорноста која ја носи, како и дека најголемиот дел од нејзините колеги својата работа ја извршува совесно и професионално.
Извор: Telegraf Biznis/Dnevno

