ЕкономијаСвет

Откако во јануари цената на златото достигна историски рекорд од 5.594 долари за унца, денеска е околу 2.000 долари поевтино

По историскиот рекорд од 5.594,82 долари за тројска унца во јануари, цената на златото бележи остар пад, откако во средата се спушти под 3.500 долари, а во петокот се искачи на 3.640,84 долари. 

Иако традиционално се смета за сигурно засолниште во време на финансиска неизвесност, златото може да се најде под продажен притисок токму кога берзите бележат загуби. Причината е потребата на инвеститорите да обезбедат готовина, особено на оние што тргуваат со позајмени средства и мораат да покријат дополнителни обврски.

Дополнителен притисок врз златото создаваат и очекувањата за повисоки каматни стапки во САД. Инфлацијата, мерена преку индексот на цените на личната потрошувачка, во октомври достигнала 3,8 отсто на годишно ниво, додека базичната стапка пораснала на 3,3 отсто.

Бидејќи златото не носи камата, повисоките приноси на американските државни обврзници го прават помалку привлечно за дел од инвеститорите.