Пет принципи на Марко Аврелиј за самодисциплина: Како да останете прибрани дури и кога сѐ ќе тргне по зло
Самодисциплината не е способност секое утро да станете мотивирани и со јасен план. Многу е поважна кога сте уморни, под притисок, соочени со неупех или луѓе кои ви ја отежнуваат работата. Римскиот цар и стоички филозоф Марко Аврелио оставил пет принципи кои можат да помогнат да ја сочувате контролата над себе дури и кога не можете да ги контролирате околностите.
Марко Аврелиј не пишувал за самодисциплина од удобноста на мирниот живот. Како цар, се соочувал со војни, епидемии, политички притисоци и секојдневни проблеми во управувањето со огромно царство. Своите мисли ги бележел во делото „Самиот на себе“, познато и како „Медитација“, кое првобитно не било наменето за објавување, туку претставувало своевиден личен дневник и начин да ги преиспита сопствените постапки и размислувања.
Токму поради тоа неговата филозофија и денес има практична вредност. Стоичката дисциплина не подразбира отсуство на емоции, ниту очекување дека можеме да контролираме сѐ во животот. Нејзината суштина е во тоа да научиме да го разликуваме она на што можеме да влијаеме од она што мораме да го прифатиме. Порталот New Trader U издвојува пет принципи од филозофијата на Марко Аврелио кои можат да помогнат во градењето на самодисциплина.
Раздвојте го она што се случило од начинот на кој го толкувате
„Ако те вознемирува нешто надворешно, не те вознемирува самото нешто, туку твојот суд за него.“
Една од најважните стоички идеи е дека настанот и нашата реакција на него не се исто. Некој ви се обратил со непријатен тон, клиентот ја откажал соработката или работата пропаднала. Тоа се факти. Заклучокот дека сѐ е изгубено, дека никогаш нема да успеете или дека секогаш ви се случуваат лоши работи е дополнително толкување кое самите го создавате.
Марко Аврелиј советувал да направиме пауза помеѓу она што ни се случило и начинот на кој ќе реагираме на тоа. Наместо проблемот веднаш да го претворите во катастрофа, обидете се да го опишете без драматизација. Ако сте изгубиле пари, тоа е факт. Заклучокот дека сте неспособни и дека секогаш ќе носите погрешни одлуки нема да ви помогне да ја решите ситуацијата.
Таа кратка пауза остава простор за разбирање на одлуката, било да е потребно да одговорите на непријатна порака, да ја промените деловната стратегија или едноставно да почекате да се смирите.
Посветете ѝ целосно внимание на задачата која е пред вас
„Нека секоја твоја постапка биде како да е последна во твојот живот.“
Луѓето често ја губат дисциплината оти се обидуваат сѐ да решат одеднаш. Голем деловен проект, недовршни обврски, проблеми во односите и долгорочните планови можат да делуваат толку оптоварувачки за да на крајот не направат ништо.
Марко Аврелиј се потсетувал себеси дека не мора секое утро да ги решава сите проблеми во своето царство. Потребно е внимателно да го заврши она што во тој момент е пред него, а потоа на премине на следната задача.
Истиот принцип може да се примени и денес. Ако треба да напишете извештај, отворете го документот и напишете го првиот параграф. Ако одложувате важен разговор, направете го првиот чекор и закажете го. Ако сакате да почнете да вежбате, не размислувајте веднаш за целта која е оддалечна шест месеци. Големите цели стануваат остварливи кога ќе ги разложиме на конкретни задачи на кои можеме да им се посветиме сега.
Работите и кога ви недостига мотивација
„Наутро, кога неволно стануваш, потсети се дека стануваш да ја извршиш работата на човечко суштество.“
Марко Аврелиј не верувал дека мотивацијата е предуслов за делување. Знаел дека постојат денови кога повеќе би сакале да останеме во кревет, да ги избегнеме обврските и да одложиме сѐ што изискува напор.
Неговиот одговор бил дека не треба да чека да се појави желба за работа. Постојат обврски кои имаат смисла без оглед на нашето моментално расположение: грижа за себе, исполнување на ветувањата, работа, семејство и одговорност кон луѓето кои зависат од нас.
Мотивацијата е променлива, додека чувството за одговорност може да биде многу постабилна потпора. Ако сте планирале тренинг, пишување или важна деловна задача, започнете дури и кога немате доволно енергија. Не мора секој ден да биде продуктивен како претходниот, но важно е да не се откажете штом наидете на отпор.
Претворете ја препреката во шанса нешто да научите
„Умот ја претвора и менува секоја препрека во свое делување и самата препрека ја користи како пат.“
Неуспехот често станува причина за откажување. Доцнењето предизвикува нервоза, деловната загуба желба за брза одмазда, а грешката страв од нови обиди.
Стоичката филозофија нуди поинаков пристап: препреката може да стане прилика да ја развиеме карактеристиката која ни недостасува.
Ако некој доцни, тоа е шанса да вежбате трпение. Ако направите грешка, можете да покажете одговорност, да ја признаете и да го промените начинот на работа. Ако се соочите со непријатна личност, можете да проверите колку успевате да ја сочувате присебноста.
Тоа не значи дека треба да ја прифатите неправдата или секој проблем да го гледате како нешто позитивно. Суштината е во тоа непријатната околност да не мора да ви ја одземе можноста од неа да излезете помудри и поподготвени.
Отстранете го она што непотребно ви одзема време и внимание
„Поголемиот дел од она што го зборуваме или правиме не е неопходно. Ако тоа го отстраниш, ќе имаш повеќе мир и повеќе време.“
Самодисциплината не зависи само од тоа колку сте подготвени да работите, туку и од тоа колку успешно го чувате вашето внимание.
Непрестајното проверување на телефонот, известувањата, бескорисните расправи и навиката на секои неколку минути да го прекинуваме она што го правиме можат да ја исцрпат енергија пред да стигнеме до важните задачи.
Марко Аврелиј се потсетувал себеси да го разликува она што навистина е потребно од она што само зазема време.
Тоа не изискува комлициран систем на организација. Исклучите ги известувањата кои не ви се важни, не вклучувајте се во секоја расправа и оставете го телефонот во друга просторија кога ви е потребна концентрација.
Понекогаш најголемиот чекор кон подобра дисциплина е токму одлуката нешто да не правите.
Дисциплината не значи дека никогаш нема да имате лош ден
„Не биди немирен во постапките, не зборувај нејасно и не лутај во мислите.“
Марко Аврелиј не очекувал дисциплинираните луѓе никогаш да не чувствуват бес, страв, замор или разочарување. Неговата филозофија поаѓа од тоа дека таквите чувства се дел од човечкото искуство, но дека не мораат да управуваат со секоја наша одлука.
Петте принципи кои ги оставил зад себе се сведуваат на неколку едноставни постапки: не претворјате го секој проблем во катастрофа, сосредочете се на она што моментално можете да го направите, не чекајте мотивација, обидете се од препреките да извлечете поука и да го заштите своето време од непотребни дистракции.
Самодисциплината не се гради тогаш кога сѐ е лесно и кога имаме совршени услови. Таа најдобро се гледа во моментите кога повеќе сме склони кон откажување, но сепак решаваме да го направиме следниот чекор.
Извор: BIZLife.rs

