ЕкономијаМакедонија

Прометот во македонската индустрија порасна за 2,7 проценти во јули

Домашниот пазар бележи значително посилен раст од странските пазари, додека на месечно ниво е забележан пад на индустрискиот промет.

Вкупниот промет во македонската индустрија во јули 2026 година бил повисок за 2,7 проценти во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

На домашниот пазар растот бил поизразен и достигнал 8,5 проценти на годишно ниво, додека прометот остварен на странските пазари се зголемил за 1,9 проценти.

Најголем раст според главните индустриски групи е забележан кај нетрајните производи за широка потрошувачка, каде прометот е зголемен за 11,7 проценти. Кај интермедијарните производи, без енергијата, растот изнесува 6,2 проценти.

Пад од 6,3 проценти е регистриран кај капиталните производи, а кај трајните производи за широка потрошувачка прометот е намален за 2,9 проценти.

Според ДЗС, меѓу индустриските гранки кои најмногу придонеле за растот се производството на прехранбени производи, производството на метали и производството на машини и уреди.

Во споредба со јуни годинава, вкупниот индустриски промет во јули е намален за 8,5 проценти. Сепак, во периодот од јануари до јули 2026 година е забележан раст од 2,3 проценти во однос на истиот период минатата година.