Правда

Работеле, но останале без плата и пријава, тетовски газда пријавен за измама

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовска фирма и нејзиниот 39-годишен сопственик и управител, поради сомнение за измама со работници.

Според пријавата, во периодот од 11 јуни до 2 јули годинава, тој ангажирал четири лица од Јажинце да работат во фирмата, но по завршувањето на работниот ангажман не им ги исплатил заработените плати, ниту ги пријавил во Агенцијата за вработување.

Против фирмата и управителот е поднесена кривична пријава, а случајот е пријавен како измама.