Речиси половина од македонската економија е во Скопје – останатите региони далеку зад главниот град
Речиси половина од целата економска активност во Македонија е концентрирана во Скопскиот регион. Додека главниот град и неговата околина создаваат 47,1 отсто од бруто-домашниот производ (БДП) на државата, Североисточниот регион учествува со само 4,4 отсто. Ова го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за 2025 година, кои откриваат големи разлики во економската развиеност меѓу регионите.
Според статистиката, Скопскиот регион има убедливо најголемо учество во создавањето на вкупниот БДП, односно вредноста на произведените стоки и услуги во земјата.
Практично, од секои 100 денари создадена економска вредност во Македонија, 47,1 денар доаѓаат од Скопскиот регион, а само 4,4 денари од Североисточниот регион.
Разликата е повеќе од десеткратна, што ја покажува силната концентрација на економската активност во главниот град и неговата околина.
Повеќе прочитајте тука

