МакедонијаСиндикат

СО на СПМ Куманово донира најнеопходни средства за функционирање на полициските службеници

Фејсбук статус на СО на СПМ Куманово:

Во последните денови од 2025 година, СО на СПМ СВР Куманово ја заокружува својата активност со силна порака на солидарност, грижа и поддршка за сите полициски службеници. Оваа 2025 година која беше со нови предизвици и нови визии, СО на СПМ СВР Куманово донесе одлука , да излезе од рамките на традиционалните практики и стереотипи , кои се провлекуваат со години од останатите синдикати „ универзални подароците што се делат секоја година“ .

Скромниот, но внимателно управуван буџет беше преусмерен кон активности од вистинска и општа корист, обезбедувајќи поддршка за секојдневните и суштинските потреби на вработените.

По внимателни консултации со нашите членови, донесовме одлука да се донираат најнеопходните средства за непречено и ефикасно секојдневно функционирање на полициските службеници во организациските единици и полициските објекти во состав на СВР Куманово, ОУР Куманово, ПО Старо Нагоричане и ГП за ГН Пелинце, каде се наоѓаат нашите членови , но и останатите вработени. Паралелно, како клучен и неопходен проект , дел од средствата беа делумно преусмерени кон реновирање- варосување на просториите во објектот на ПО Матејче, каде вработените беа заборавени и оставени сами на себе повеќе од една деценија , а се со наша јасна цел: создавање подобри работни и хигиенски услови, достоинствени за секој кој го служи законот и јавноста.

Од наша страна во изминатиот период беа презентирани проблемите со кои секојдневно како вработени се соочувавме, а од Началникот на СВР Куманово Никица Петрушевски добивме разбирање и поддршка за нивно надминување и реализирање на нашите предлози. Тоа не беше наредба, туку јасен сигнал за заедничка грижа и соработка на Синдикат на полиција во Македонија со раководството на СВР Куманово.

Ова е само почеток. Во 2026 година, СО на СПМ СВР Куманово ќе продолжи со нови активности и проекти низ сите ОВР-а, ПС и ПО кои по членството се дел од СО на СПМ СВР Куманово, а каде што нашата поддршка и соработка се неопходни. Паралелно, СО на СПМ СВР Куманово ќе остане непоколеблив стражар за заштита од прекршување на работничките права на сите вработени во МВР, со наша посветеност , достоинството и професионалниот интегритет.

Им се заблагодаруваме на сите наши членови, вашата дадена поддршка, ангажман, доверба и лојалност се темелите на сите реализирани проекти на СО на СПМ СВР Куманово. Без вашата поддршка ништо од ова немаше да биде возможно. Секој член е носител на овие достигнувања и столб на силната и обединета синдикална заедница на СПМ.

Особено е важно да се потенцира дека меѓучовечките односи, почитувањето, солидарноста и соработката меѓу членовите се суштински фактори за спроведување на овие и идни проекти. Колку повеќе сме обединети и побројни, толку поголема е нашата моќ да создадеме услови достоинствени за сите полициски службеници и да го заштитиме секое право и секоја чесност.

„Тимот на СО на СПМ СВР Куманово, овојпат не се водеше од потребата за јавна себе промоција и фотографирање на наведените предновогодишни активности, туку од искрената човечка димензија на синдикалното делување. Наместо слики за реклама, беа добиени безброј насмевки, топли гушкања и искрена благодарност од колегите што во целата оваа приказна претставуваше најголемата и највредна потврда за исправноста на направените чекори.”

СО на СПМ СВР Куманово останува посветена на градењето на обединета, силна и непоколеблива синдикална заедница, за секој од нас, за секој наш колега, за иднината на сите кои го носат знакот на службата со чест и достоинство.

СО на СПМ СВР Куманово, на своите членови и останатите вработени им посакува среќни, весели и безбедни Новогодишни празници!