Реформи, пракса, превенција на несреќи при работа
Се најавија сет на трудови реформи кои ќе започнат од следната година. Еве според мене на што треба да се обрне внимание:
Прво. Треба да се одлучи дали ќе се работи на постоечкиот Предлог – Закон за работните односи, ќе се носи сосема нов или ќе се направат измени и дополнувања на веќе постоечкиот Закон. Мое мислење е дека нема потреба да се носи сосема нов Закон. Доволно е да се направат дополнувања и измени на овој што го имаме и да се додадат новите модели на работење. Нема што да се филозофира. Потребно е социјалните партнери да седнат на маса и да видат што треба да се дополни измени или евентуално изземе (на пример 72 часовната работна недела).
Второ. Ова не е баш реформа, реформа, туку е повеќе применување на праксата која со години постои на Запад и за која се залагаат Светската и Европската конфедерација на синдикати – колективното договарање.
Нас во приватниот сектор и тоа како ни требаат грански и колективни договори на ниво на работодавач. Тука државата нема што да се меша. Работодавачите и синдикатите треба да седнат на маса и да преговараат. Колективното договарање носи бенефит и за двете страни и тоа праксата го покажува. И кога сме кај колективното преговарање, да ги потсетам да ја изменат Спогодбата за исплата на К-15 и да наведат сума којашто работодавачите кои се соочуваат со финансиски тешктотии ќе бидат обврзани да ја исплатат.
И трето – веќе е највено дека ќе се работи на зајакнување на капцитетите на Државниот инспекторат за труд, но покрај тоа, според мене, инспекторите би требало да добијат и повисоки плати за да се намали ризикот од корупција. Исто така, мора особено внимание да се обрне на сферата на безбедност и здравје при работа оти гледаме дека секоја година имаме голем број на повредни работници и смртни случаи. Потребно е и да се работи на креавање на свеста за превенција на несреќите при работа.

