Tему и Шеин им создаваат проблеми на германските текстилци
За германските производители на облека, 2024 година беше послаба деловна година. Текстилната индустрија е особено погодена од падот на важен извозен сектор, пренесува германската новинска агенција ДПА. Ситуацијата е „загрижувачка“, изјави директорот на модното здружение ГерманФешн, Томас Ланге. Приходите од извоз лани бележат номинален пад од 7,5 отсто, така што немало зголемување на цените на производите.
Пад е и инаку стабилниот извоз во соседните земји на Европската унија, како Франција, Италија, Белгија и Чешка. Во овие земји, велат од здружението, во последно време се затворени многу продавници, па има се помалку муштерии. Дополнителна причина за падот на извозот е зголемената популарност на азиските онлајн продавници како што се Шеин и Teму, рече Ланге. Извозот, кој сочинува 40 отсто од вкупниот промет, е движечката сила зад успехот на германската текстилна индустрија. Според извештајот, тие најмногу заработуваат на странските пазари.
Најголеми извозни пазари останаа Полска, Швајцарија и Австрија. Бизнисот во Германија беше релативно стабилен, со благ пад од 0,9 отсто. Минатата година, производителите можеа да ги зголемат приходите благодарение на наглиот раст на цените. Но, сега бележат пад – вкупниот приход номинално е намален за 3,7 отсто, на 6,6 милијарди евра. Најголемата загуба има во најважниот сегмент, кој вклучува џемпери, маици, кошули, блузи, панталони, јакни и фустани. Од друга страна, зголемена е продажбата на работна и заштитна облека. И покрај ова, расположението во индустријата не е добро, изјави претседателот на здружението, Оливер Сејденстикер, објави Феникс магазин.
Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025