Заминал од технолошки гигант во скара бизнис – заработил милиони во првата година
Салаходен Абдул – Кафи ја напуштил високо платената работа во технолошкиот сектор, каде заработувал околу 450.000 долари годишно, за да отвори халал BBQ ресторан во Тексас.
Неговиот ресторан Kafi BBQ во Ирвинг во првата година остварил приход од скоро 2,3 милиони долари и очекува дека оваа година приходот ќе биде уште поголем. Иако сега работи подолго и живее од заштедата, Абдул – Кафи вели дена не жали што заминал од технолошката индустрија.
Од големи технолошки компании до целосен пресврт
Тој 14 години поминал работејќи во технолошките компании како Мајкрософт, Гугл, Јутуб, Шопифај и Крус. На врвот од кариерата заработувал 450.000 долари годишно, но со текот на времето се разочарал од индустријата.
Според неговите зборови, работата се’ повеќе се фокусирала на профит, а се’ помалку на реалното влијание на луѓето и бизнисите.
Заминувањето од Силиконската долина и падот на платата
На 33 години го напуштил Сан Франциско и преминал да работи во верска непрофитна организација во Тексас, прифаќајќи намалување на платата од повеќе од 50 %. Во текот на работата во непрофитниот сектор продолжил да организира вечери и скари за пријателите. Започнал да подготвува халал брискет, а луѓето му велеле дека не можат да пронајдат таква храна на друго место.
Многумина ги избегнувале класичните ресторани за скара поради можноста од контаминација со свинско месо, дури и кога се служи говедско. Тогаш почнал да размислува за тоа дека на пазарот постои простор за нешто ново во рамките на тексашката скара.
Ресторан кој експлодирал од првиот ден
Кафи BBQ е отворен во декември 2024 година. Подготвената количина на храна за три дена била распродадена уште првиот ден, па со тоа започнал да готви истата вечер. Ресторанот подоцна добил и признанија – магазинот D Магазин го сместил меѓу 12-те најдобри ресторани во областа на Далас – Форт Ворт, додека Eater го сместил меѓу 15-те најдобри ресторани во САД.
Минатата година приходот бил нешто под 2,3 милиони долари, а очекува дека ќе достигне и до четири милиони оваа година. Сепак, сопственикот наведува дека себеси се’ уште не си исплатил ниедна плата и дека живее од заштеда.
Високи трошоци во угостителството
Водењето на ресторан е исклучително скапо. Трошоците за храна изнесуваат околу 125.000 долари месечно, работна сила околу 50.000, додека киријата и останатите трошоци се додатни околу 215.000 долари месечно. Иако работата сега е профитабилна на месечно ниво, почетната инвестиција од околу милион долари се’ уште во потполност не е вратена.
Повеќе работа, но и поголемо задоволство
Иако сега работи 70 до 80 часа неделно – повеќе отколку во технолошкиот сектор – Абдул-Кафи вели дека работата го исполнува повеќе од претходно. Додека во технолошкиот сектор работел во помал круг на луѓе, сега секојдневно запознава гости од различни заедници. Околу половина од муштериите се халал ориентирани, додека другата половина не се.
Благодарение на тоа што нема свинско и гарантира отсуство од контаминација, ресторанот привлекува и луѓе кои инаку не се чувствуваат вклучено во класичните објекти за скара.
Технологијата и скарата имаат повеќе заедничко отколку што делува
Иако ја напуштил технолошката индустрија, многу од вештините ги пренел во новиот бизнис. Пред отворањето на ресторанот, ја тестирал побарувачката, продавал храна од дома и го анализирал пазарот. Детално ги следел трошоците, количните на место и процесите на подготовка, применувајќи пристап сличен на развојот на производи во технолошките компании.
Дури и денес прецизно води евиденција на рецептите и постојано тестира нови производи, прилагодувајќи ги на основа на повратните информации на гостите.
Еден од примерите за рецепти за „pomegranate beef belly burnt ends“ е менуван седум пати пред да биде финализиран, пишува Business Insider.
На тој начин, како што вели, скарата и технологијата не се толку различни – двете изискуваат постојано експериментирање, анализа и унапредување на производите.
Извор: Bizportal.rs

