Живеел во автомобил, денес е милијардер – секое утро прави една работа која му го променила животот
На 35 години немал пари, работа ниту кров над глава. Денес има милијарди, а тврди дека успехот не започнал од големи одлуки, туку од навики кои и понатаму секојдневно ги практикува.
Додека многумина веруваат дека за успех потребни се богато потекло, врски или големи почетни вложувања, животната приказна на американскиот милијардер Џон Пол Деџорија покажува сосема поинаков пат.
Кога во 1980 година го започнувал својот прв голем бизнис, имал 35 години и живеел во автомобилот на улиците на Лос Анџелес. Инфлацијата била висока, економијата во криза, а кредити речиси било невозможно да се добијат. Многумина му велеле дека е невозможно да се успее без пари.
Сепак, не се откажал.
Денес зад себе има компанија вредна милијарди долари и статус на еден од најуспешните претприемачи од својата генерација. Но она што многумина ги изненадува не е неговата деловна приказна, туку начинот на кој и понатаму живее, пренесува Business insider.
Денот го започнува со благодарност, а не телефон
Додека поголемиот дел од луѓето веднаш посегнуваат по телефоните штом ги отворат очите, Деџорија прво пие чаша вода, а потоа неколку минути поминува во тишина.
Секое утро се заблагодарува за животот, здравјето и новите прилики.
Како што вели, токму таа навика му помогнала да остане смирен и фокусиран дури и во најтешките моменти, кога не знаел како ќе го преживее наредниот месец.
„Кога си благодарен за она што го имаш, многу полесно ги гледаш приликите кои се пред тебе“, е една од неговите животни филозофии.
Не користи мејл и нема свој компјутер
Во време кога луѓето дневно поминуваат часови пред екраните, Деџорија и понатаму функционира речиси старински.
Нема сопствен компјутер, не користи мејл адреса и преферира да напише писмо или да крене телефон отколку да испрати порака.
Верува дека личните односи и понтаму се највреден капитал кој човек може да го изгради.
Едноставни навики кои никогаш не ги променил
Иако располага со богатство кое му овозможува речиси се’, неговиот секојдневен живот не е претерано луксузен.
Денот го започнува со вода, кратка медитација и вежбање. Јаде умерено, често станува од масата помалку гладен и се труди да ја одржува рутината без оглед на работните обврски.
Неговото правило е едноставно:
„Не барајте среќа во работите кои ги поседувате, туку во начинот на кој живеете.“
Најголема лекција која ја научил
Можеби најинтересниот дел од неговата приказна не е милијардерскиот успех, туку одговорот на прашањето кое луѓето често му го поставуваат.
Да може да се врати во минатото, што би променил?
Неговиот одговор е краток:
„Ништо“.
Верува дека токму неуспесите, одбивањата и тешките периоди го обликувале повеќе отколку успесите.
Да не биле деновите кога спиел во автомобил, можеби никогаш не би научил колку упорноста, дисциплината и вербата во себе се важни.
Порака која денес инспирира милиони
Во време кога многумина бараат брзи решенија и инстант успех, неговата приказна потсетува дека најголемите промени често почнуваат со мали чекори.
Една добра одлука дневно.
Една навика која се повторува.
Еден обид повеќе кога сите други се откажуваат.
Бидејќи понекогаш разликата помеѓу неуспехот и успехот е токму во тоа да продолжите кога сите ви велат дека не можете.
Извор: Bizportal.rs

