Зошто луѓето тагуваат за диносаурусите 65 милиони години подоцна?
Новата документарна серија „Диносаурси“ на Netflix, која го прикажува катастрофалниот удар на астероид што довел до нивното исчезнување, предизвика силни емоции кај гледачите ширум светот.
Иако диносаурусите отсекогаш биле истовремено застрашувачки и фасцинантни, денес сè повеќе луѓе ги доживуваат и како трагични суштества. На социјалните мрежи се појави тренд каде корисници споделуваат емотивни видеа со младенчиња диносауруси или мирни тревојади, придружени со тажна музика и пораки како „Светот требало да биде нивен“.
@spinderdinossauro 3 | As long as I exist I will not let you be forgotten #dinosaur #paleontology #prehistoric #prehistoricplanet #fpyy ♬ original sound – yutyrannus
Некои дури изразуваат мисли дека диносаурусите „не знаат дека сме ги пронашле и дека ги сакаме“, додека други се прашуваат како е можно да им недостигаат суштества што никогаш не ги запознале.
@benpvncus wow. | #thedinosaurs #dinosaur #fyp ♬ original sound – ari
Од чудовишта до блиски „ликови“
Луѓето одамна ги проектираат сопствените емоции врз диносаурусите. Тие биле прикажувани како филмски негативци, но и како детски пријатели или дури миленици. Нивната популарност не опаѓа – од научни истражувања до филмска индустрија.
Голем пресврт во начинот на кој ги перцепираме доаѓа со филмот Паркот Јура на Стивен Спилберг. Овој филм ги претстави диносаурусите како интелигентни, динамични и социјални суштества, наместо како бавни и „глупави“ влекачи.
Науката ја менува приказната
Современите научни откритија покажуваат дека диносаурусите имале висок метаболизам и сложено однесување. Дополнително, доказите укажуваат дека нивното исчезнување не било постепено, туку резултат на ненадеен и катастрофален настан – удар на астероид.
Ако тие биле толку успешни и доминантни, нивното исчезнување не изгледа како „природен пораз“, туку како огромна космичка трагедија.
Одраз на човечките стравови
Според научници како Крис Манијас, диносаурусите будат чувство дека дури и најмоќните суштества имаат крај. Ова создава длабока емоционална реакција кај луѓето.
Во модерниот контекст на климатски промени, кризи и неизвесност, луѓето се препознаваат во нивната судбина. Идејата дека доминантен вид може одеднаш да исчезне отвора непријатно прашање – дали истото може да им се случи и на луѓето?
Истражувачката Вики Каулс додава дека оваа тага може да биде и израз на носталгија за „изгубен свет“ и чувство на несигурност за нашата сопствена иднина.
Диносаурусите како симбол на издржливост
Иако често ги поврзуваме со исчезнување, научниците потсетуваат дека нивната приказна не е целосно завршена. Птиците, кои и денес постојат во милијарди, се директни потомци на диносаурусите.
Според Стивен Брусате, токму тоа ја носи пораката на надеж: диносаурусите не се само симбол на крај, туку и на преживување и адаптација низ милиони години.
Извор: Index.hr

