Занимливости

„Ако не заработите пари до 35 години, вие сте самите криви“ – Лекција од еден од најбогатите луѓе на светот

Џек Ма пред дваесет години заработувал 10 долари месечно, а денес е во рангот на милијардери со Гејтс и Закерберг. 

Според последните податоци на американскиот деловен магазин Форбс, неговото богатство се проценува на 25,5 милијарди долари и го зазема 57 место на скалата на најбогатите луѓе на светот.

„Пораснав учејќи за Кина како најбогата и најсреќна држава во светот. За првпат од земјата излегов во 1985 година. Отидов во Австралија кај пријател со кој се допишував. Кога отидов таму, помислив: „О Боже, се е потполно различно од она што ми зборуваа“. И тогаш започнав да размислувам поинаку“, рекол во едно интервју Џек Ма (49), основач и ко – сопственик на една од највредните компании, Алибаба.

Ма некогаш бил професор по англиски јазик на кинескиот универзитет. Заработувал околу 10 долари месечно, а не успеал да добие работа како помошник менаџер фо КФЦ.

Со помош пријателите од САД научил како се прави интернет страница. Бил еден од првите во Кина што воопшто знаел дека интернетот постои.

Позајмил пари за да истата година основа интернет огласи, во кои кинескиот телеком подоцна вложил 185,000 долари. Неколку години подоцна, во 1999 година, му требало два часа да убеди 18 луѓе да вложат во првата кинеска интернет продавница.

Иако не ги разбирале најголемиот дел од работите што им ги кажувал, тие му дале 600,000 долари. На тој начин ја започнал една од денешните највредни кмпании.

А зошто Кинез ја нарекол компанијата по лик од арапска приказна?

„Седев во кафуле во Сијатл и на памет ми падна приказната за Али Баба. Ја прашав келнерката дали ја знае таа приказа и таа одговори „секако“. Тоа ми се допадна како за име за компанијата, па веднаш излегов од кафулето и на улица прашав десетина луѓе дали знаат кој е Али Баба. И сите знаеја. Америкнаци, Германци, Индијци, баш сите, и тогаш се одлучив за тоа име бидејќи на сите им е препознатливо“, раскажал Ма.

А и пред да стане најбогатиот Кинез на светот признал дека никој, па ни неговото семејство, не верувало во неговиот успех.

Подоцна ќе станат познати неговите изјави дека недостигот на амбиција е виновен за тоа што луѓето немаат пари.

„На светот постојат работи кои на изглед не можат да се сфатат, но не постои ништо што не може да не се направи. Силата на вашата амбиција е одлучувачка за вашата иднина“, ја објаснил Ма својата филозофија.

Amazon, Alibaba, eBay

Фото: iStock

Од тоа заклучил дека „луѓето сами се виновни до 35 години не направат пари“. Ги објаснил и причините зошто луѓето се неуспешни. Првата е тоа што не ги гледаат или ги потценуваат приликите кои им се нудат, немаат разбирање за другите и не реагираат доволно брзо.

Ма тврди дека најголемата разлика помеѓу лидерот и вработениот е што вработениот има повеќе вештини, додека лидерот мисли долгорочно, подобро го издржува притисокот и има визија.

Кога го прашале кој му е пример, Ма не ги споменал Бил Гејтс или другите техномагнати.

„Многу го сакам Форест Гамп. Го гледав тој филм барем десет пати. Поточно, секој пат кога сум фрустиран го гледам“, рекол за американската телевизиска куќа CNBC непосредно пред Алибаба да излезе на берза.

Како Гамп во филот, ни Џек Ма не бил одличен ученик во училиште и често се чувствувал несфатено. Како што објаснил, може да се поистовети со Форест, бидејќи ништо што преживеал не го сменил како личност.

Ма важи за многу повлечена личност и досега е објавена само една фотографија од неговото семејство.

Фото: Tanjug/AP