ЕкономијаМакедонија

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ОД НЕЦЕЛИ 10 ЕВРА ВО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ, во ИТ-секторот и над 1.500 евра

Рекордер според бројот на вработени, со 5.277 работници, е Друштвото за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ увоз-извоз. Таму просечната нето-плата е 34.639 денари. Но, највисокиот просек меѓу големите работодавачи го има Друштвото за компјутерски услуги Нетцетера ДООЕЛ експорт-импорт Скопје – 143.659 денари за 403 вработени.

Ова е уште една потврда дека информатичкиот сектор и натаму нуди највисоки примања, независно од бројот на вработените, додека во трудоинтензивните компании со едноставни производствени процеси платите и натаму остануваат под државниот просек, кој во 2025 година изнесуваше 45.198 денари.

Повеќе тука