Амазон ќе плати 500,000 долари казна за „неадекватно информирање“ на вработените за заразени од Ковид -19
Амазон се согласи да плати 500,000 долари казна и да биде надгледуван од страна на органите на Калифорнија, откако Јавниот обвинител рекол дека компанијата не успеала „адекватно да ги извести“ работниците и здравствените власти за новите Ковид – 19 случаи, пренесува The Guardian.
Амазон вработува околу 150,000 луѓе во Калифорнија, најголемиот дел од нив во 100 „исполнувачки центри“- магацини каде нарачките се пакуваат и испраќаат до клиентите. Договорот, кој мора да е одобрен од страна на судија, бара од гигантот за е-трговија да ги извести неговите вработени во рок од еден ден, доколку се појави нов случај на коронавирус на нивното работно место.
Компанијата исто така се согласи да ги известува локалните здравствени агенции, во случај на појавување на нови случаи на заразени во рок 48 часа и дека ќе престане да објавува списоци, кои според Јавниот обвинител на Калифорнија Роб Бонта, не ги информираат адекватно вработените за планот за безбедност и дезинфекција во Амазон и за работничките права поврзани со пандемијата.
